skip to Main Content

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени
  • 26.11.2018

Еден пешак и еден возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а десет лица со лесни телесни повреди во 20  сообраќајни несреќи што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 12 сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 220 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, 28 возачи возеле под дејство на алкохол, 28 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и 10 возачи почетници.

Исклучени од сообраќај биле и 27 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 24 казни за непрописно паркирани моторни возила,  187 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 152 возила.

Полицијата санкционирала  и пет воачи кои поминале коловоз на пешачки премин, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет за неправилно престројување и десет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.

Back To Top