skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Виетнамската „Напалм девојка“ добитничка на Дрезденската награда за мир

Виетнамската „Напалм девојка“ добитничка на Дрезденската награда за мир
  • 11.02.2019

На Виетнамката Ким Фук Фан Ти, која веќе 50 години е позната како „Напалм девојка“ од фотографијата од Виетнамската војна наградена со Пулицерова награда, денеска ќе и биде врачена Дрезденската натрада за мир, за нејзината работа како активистка.

Фотографијата ја прикажува Ким Фук, на возраст од девет години, како трча гола по пат, додека зад неа се гледаат експлозии од напади со напалм бомби во Јужен Виетнам во 1972 година.

Дрезденската награда за мир се доделува секоја година од 2010-та и покрај признание вклучува и паричен надоместок од 10.000 евра.

Ким Фук, која денес живее во Канада, е наградена поради нејзините активности за поддршка на училишта, сираци и медицински установи во повеќе делови од светот.

Во изјава за ДПА, Ким Фук вели дека се труди да ја избегнува фотографијата од 1972 со која страна позната на глобално ниво.

– Сепак, знам дека таа ми овозможи да работам за мир и тоа е мојата визија, нагласува Ким Фук.

Back To Top