skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тренд на дезинформации со цел наведување на публиката кон погрешни заклучоци
Грчкиот остров Парос во обид да биде првиот остров без пластика
Кои пет градови се преполни со туристи?
Пронајдена порака во шише стара 50 години
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(ВИДЕО) Самохраната мајка Дафинка веќе пет години живее без струја со својата малолетна ќерка, праќа апел до ЕВН кои до сега останале глуви на нејзините барања

(ВИДЕО) Самохраната мајка Дафинка веќе пет години живее без струја со својата малолетна ќерка, праќа апел до ЕВН кои до сега останале глуви на нејзините барања
  • 22.01.2019

Проблем кој се влече веќе пет години. Самохраната мајка Дафинка Стојановска, во 2009 година диво се вселила во стан, бидејќи немала каде да ја згрижи својата малолетна ќерка. Таа поднела барање во 2014 година кога Законот за откуп на 30 години се појавил, но властите останале глуви.

Најпрво на Дафинка и било понудено доброволно да го напушти станот, по барањето за откуп, но не го напуштила бидејќи немала каде да замине со малолетната ќерка. На 22-ри декември и било одземено броилото на станот. Таа веќе пет години живее без струја.

Дафинка тврди дека се обратила на сите надлежни но тие не и дале одговор.

Таа спомна дека сака само да ја обезбеди најубавата иднина за својата ќерка, како и нормално детство но не може без основни услови за живот како што е струјата.

Дафинка прати апел до ЕВН, да се обезбеди струја на тие кои им е најнеопходна за нормален живот бидејќи државата треба да  помогне да ги згрижи своите граѓани.

Back To Top