skip to Main Content

(Видео) Древна мистерија што никогаш нема да ја решиме

(Видео) Древна мистерија што никогаш нема да ја решиме
  • 02.10.2019

Под рушевините на средновековниот дворец на Мекдуф во Шкотска се скриени едни од најстарите чуда во светот. Станува збор за пештерски цртежи стари помеѓу 1.500 и 4.000 години, а археолозите сè уште не можат целосно да ги разберат. Пештерата Вејмис крие древни приказни за животни и лов, но и веројатно први докази за шкотски брод. Археолозите и историчарите напорно работат за да го откријат значењето на овие мистериозни цртежи, но ова чувствително опкружување се соочува со нови закани.

Кога во 1860 година биле откриени, имало повеќе од педесет цртежи распоредени во пет пештери. Оттогаш најмалку 25 цртежи исчезнале поради човечка негрижа или колапс. Неколку цртежи биле уништени кога некој го запалил автомобилот во една од пештерите во 1986 година, а две пештери биле уништени во изминатите 150 години. Тие имаат непроценливо значење за археолозите кои се обидуваат да ја решат мистеријата на народот Пикти. Овој народ не ја запишувал својата историја, а сведоштвата на другите народи, првенствено Римјаните за време на освојувањето на британските острови, се покажале како не многу веродостојни.

Пештерскиот систем Вејмис е најстарата и најголемата колекција на симболи на Пикти во светот, што е речиси неверојатно затоа што биле познати како одлични војници и се единствената причина зошто Римјаните не ја освоиле цела Британија. Познатиот Адријански ѕид бил граница помеѓу „цивилизираните“ Римјани и „студените варвари“ Пикти.

Тие исчезнале некаде во 10 век од новата ера и оставиле ретки пештерски цртежи како докази за своето постоење. Сега мала група доброволци се обидуваат да го спасат пештерскиот систем. Од една страна, тие го убедуваат општеството за важноста на овој систем од историска перспектива со организирање посети и разни едукативни работилници. Новите методи на скенирање, вклучувајќи и ласерски уреди, сега овозможуваат создавање компјутерски модели и од пештерите и од крајбрежјето. На тој начин посетителите можат виртуелно да ги посетат пештерите и да ги видат нивните фасцинантни цртежи без да ги оштетат вредните слики. Пештерите и понатаму се во опасност од пропаѓање, но сите се надеваат дека токму овие нови методи за зачувување на историските факти ќе овозможат нивна прецизна анализа дури и кога природата ќе ги уништи.

текстот е преземен од факултети.мк

Back To Top