skip to Main Content

(Видео)Огромен пораст на емисиите на јаглерод диоксид во светот за 2018 година

(Видео)Огромен пораст на емисиите на јаглерод диоксид во светот за 2018 година
  • 26.03.2019

Емисиите на јагледор диоксид ЦО2, кои произлегуваат од енергенсите одбележале енормен пораст во 2018 година, соопшти Меѓународната организација на енерггија.

Во периодот меѓу 2014 година и 2016 имало голем напредок во поглед на енергетската ефикасност и новите технологии, но динамиката се изменила во 2017 и 2018 година.

Минатата година, емисиите на ЦО2 од сите енергенси (нафта, гас, јаглен, обновлива електрична енергија и друго) се зголемиле за 1,7 отсто.

Главни виновници за зголеменото загадување од јаглерод диоксид, според организацијата се Кина, Индија и Сад кои се одговорни за дури 85 отсто од зголеменото количество.

Подобрување е констатирано и во Јапонија, благодарение на повторното пуштање во употреба на нуклеарните реактори, како и во Франција преку интензивното производство на енергија на нуклеарните централи.

Сите овие податоци само треба да служат како пример за итна акција од страна на сите фронтови, како и фактот дека е неопходно да се развие решение за чиста енергија, истакна извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол.

Back To Top