skip to Main Content

БИОМЕТЕО: Големите разлики на ноќните и на дневните температури ќе создаваат здравствени проблеми

БИОМЕТЕО: Големите разлики на ноќните и на дневните температури ќе создаваат здравствени проблеми
  • 27.09.2019

Во текот на следните неколку денови како што веќе најавивме ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која преку денот ќе условува натпросечно високи температури на воздухот кои за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Сепак многу пониски ќе бидат минималните утрински температури на воздухот па така максималните и минималните ќе имаат ГОЛЕМА РАЗЛИКА, наутро температурите ќе се спуштаат на повеќе места и под 10 степени односно во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите предели од државава.

 

 

Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец, додека наутро по одделни котлини ќе се создаваат услови за појава на магла. Ваквите временски прилики кај метеопатите има услови да создадат и здравствени проблеми, односно поради големата разлика на минималните и на максималните температури на воздухот кај истите можна е појава на главобока, тежина на главата и на телото како и повремена нервоза и нерасположеност.

 

 

Кај оние граѓани кој се доста чувствителни на временските прилики и кај оние кај што ќе се појават позначителни здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се пријават кај својот доктор, исто така навремено да ја пијат својата терапија дадена од својот лекар.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top