skip to Main Content

Бизарни начини на кои луѓето ослабеле!

Бизарни начини на кои луѓето ослабеле!
  • 24.10.2018

Дали сте слушнале за оние луди, трендовски диети и сте се запрашале дали навистина успеваат? Епа голем дел од нив ќе ги пронајдете на листава и ќе ви е јасно дали успеваат или пак не.

Диетата на Флечер/Диета со џвакање

Првата чудна диета на оваа листа се раширила низ светот преку Хорас Флечер во 1900 година и таа се состои од џвакање на секој залак најмалку 32 пати или се додека не стане целосна течност. И се што не можело да ви се слее по грлото ако ја навалите главата наназад тогаш ќе го исплукате. За чудо, постојат некои докажани научни придобивки со користењето на диетава бидејќи ако долго време ја џвакате храната ќе го задоволите гладот па така ќе јадете помалку и диетата навистина им помогнала на многумина да се ослободат од несаканите килограми ама и да изгубат пријатели преку постојаното џвакање.

Image result for chewing diet fletcher

Диета со супа од зелка

Диетата со супа од зелка вклучува јадење многу супа од зелка во текот на неделата. Супата има многу малку калории и може да содржи многу сол, зависно од вкусот. Диета дозволува некои овошки привремено но во главно ќе јадете само зелка. Иако оваа брза диета им помогнала на некои да изгубат некој килограм, испаднало дека тоа било тежината на водата а не масните наслаги што значи дека е само привремено решение. Диетата со супа со зелка има и многу непријатни последици како умор, вртоглавица и гасови.

Image result for cabbage soup diet

Диетата на праисториските луѓе

Диетата на луѓето кои живееле во пештери во дамнешните времиња го добила името бидејќи токму тие ја практикувале. Тие имале многу обични и скромни оброци пред повеќе од 10.000 години. Диетата се состои од храна која може да е зготвена како месо, риба, овошја и семки но забранета е произведена и преработена храна како сол, зрна, масло, шеќер и млечни производи. Диетата била содадена а да не срамни со здравјето на нашите праисториски предци и да се избегне ризикот од инфекција или болест од храна која често ја конзумираме. Исто така ако сте фан на житни производи, диетава не е за вас.

Image result for caveman diet

Диетата на Шенгри Ла

Диетата на Шенгри Ла се проширила кога психологот Сет Робертс во 200 година како начин на кој луѓето ги контролираат нивните нагони да јадат големи порции на храна. Методот се одвива така што конзумирате три кафени лажички на маслиново масло и шеќер и вода. Оваа постапка се прави бидејќи ви ги дава потребните калории кои не слични на оние кај вкусните оброци. Така колку повеќе го повторувате ова толку повеќе вашиот ум ќе ги одалечи калориите од вкусните храни така што ќе ви направи се помалку и помалку да ги посакувате. Всушност колку повеќе го пиете маслото и шеќерната вода ќе ви се намали апетитот и ќе ви направи да јадете помалку кога ќе јадете.

Image result for shangri la diet

Диетата на Луџи Канеро

Канеро вил италијански благородник и писател во доцните 1400 години. Неговата здравствена состојба била многу влошена. Kога имал 40 години  се сретнл со доктори кои го советувале да прекине со пиење и со претерано јадење и бил советуван да внесува до 350 грама на храна дневно и 414 милилитри вино. Откако го послушал советот на докторот, Канеро почнал да се чувствува многу подобро и за година дена се вратил во совршена здравствена состојба. Неговата диета се состоела со мала порција месо, мала супа од домат леб и жолчка од јајце. Но и со толку малку храна, неговото тело било здрава и доживеал до 105-годишна возраст. Неговата диета со малку калории се распространила и се уште многу е користена но никој  не можел да ги достигне резултатите на Канеро. Но, реално кој би сакал да достигне до 105?

Image result for tomato soup and wine

Диета со очила за сонце

Оваа диета поттекнува од Јапонија од 2000 година и се манифестира така што носите наочари за сонце со сини стакла и тоа дејствува така што апетитот се намалува поради промената на боите. Причината за изборот на сината боја не е случаен, бидејќи боите на храната се најчесто црвената и жолтата. Нема големи докази за успехот на диетата но барем ќе изгледате „кул“ додека ручате.

Image result for blue sunglasses diet

Диета со памучни топчиња

Диетата со памучни топчиња се состои од јадење, токму памучни топчиња. Памучните топчиња ве прават сити но без калориите од вистинската храна. Тие имаат всушност многу хранливи влакна и многу малку калории но ако се конзумираат секојдневно можат да предизвикаат голем бој проглеми на вашиот дигестивен систем а и ќе ве остави без оние нутрицистични материи што ви се потребни. Тие што ја практикуваат диетава ги голтаат топчињата или суви или натопени во сок или желатин.

Image result for cotton balls diet

Диетата на заспаната убавица

Оваа диета е толку лесна да ја следите што не мора да станувате воопшто од кревет. Апчиња за спиење или други седативи се главни состојки на оваа диета што ви бара да сте под седативи и да спиете со часови. Понекогаш и по цел ден. Диетата бара да не станувате од вашиот кревет со цел да го преспиете гладот а со тоа и да се топат непотребните калории. Верувале или не оваа диета ја практикувал и Елвис Пресли за да симне некое кило пред да замине на тура. Иако диетата ви овозможува да се наспиете, вашето тело е приморано да ги изгори преостанатите складирани калории бидејќи не јадете ништо додека спиете. Иако мислите дека е ова супер начин да ги изгубите несаканите килограми но да го оставите вашето тело без потребните хранливи материи може да ви донесе огромни здравствени кошмари.

Image result for sleeping beauty diet

Сончевата диета

Оваа необична диета доаѓа од Кина каде стотици жени стојат надвор со очила за сонце, чадори, и наметки и гледаат во сонцето цели 44 минути. Ова може ви се чини како необично практикување а и е, но според „Сончевата Диета“ ако гледате во сонцето подолг период ќе ви помогне да ги здобиете потребните хранливи материи во вашето тело преку енергијата на сонцето. Диетата исто така се тврди дека го подобрува видов и квалитетот на сонот. Доколку го користите сонцето како цела замена за оброк им помогнало на луѓе да изгубат некој килограм но кај поголем дел предизвикува горење на кожата а ризикот за рак на кожа е поверојатен, како и ризикот за слепило.

Image result for staring at the sun diet

Диета со тенија

И за крај на листата од бизарни диети, ја имаме најбизарната и најодвратната која верувале или не ја практикуваат и ден денес. Диетата со тенија е всушност прилично лесна да се започне и да се одржува бидејќи само треба да јадете месо инфицирано со тенија. Тенијата се конзумира додека е се уште млада и тогаш се закачува и расте во вашите црева каде ви ги „краде“ хранливите материи од вашата храна која се вари. Опасностите од оваа диета вклучуваат буквално се, а и тенијата која го исфрла својот измет во вашата внатрешност може да предизвика вртоглавица, лошење, дијареа и дуење. И доколку тенијата се размножи може да дојде до дополнителни проблеми како епилептични напади. Оваа диета помогнала на неколку луѓе па дури и се создале бизниси во Мексико и Африка каде се чуваат тении во фарми со цел да им се „помогне“ на туристите во слабеењето.

Related image

Back To Top