skip to Main Content

Активисти го уредија и исчистија паркот во Ајдучко маало во Тетово

Активисти го уредија и исчистија паркот во Ајдучко маало во Тетово
  • 09.06.2019

Членови на Младински Образовен Форум од Тетово спроведе еко акција за чистење и обнова на детските реквизити, клупи во паркот Ајдучко маало, кој долго време стои руиниран. Во текот на пет часовната акција го собраа сметот и отпадоците, поправија четири лулашки, извршија бојадисување на спортските реквизити. Исто таа поставија четири автомобилски гуми кои беа бојосани и засадени цвеќиња.

-Нашата цел е да испратиме порака до граѓаните за зачувување на јавните површини и паркови и дека е потребно само малку време и ресурси за да се зачуваат површините и парковите, а не да се уништуваат и вандализираат. Исто така, сакаме да апелираме до надлежните институции да се грижат повеќе за зачувување на јавните површини и паркови. Покрај тоа, сакаме да испратиме порака дека е потребно да се создадат нови простори за рекреација на младите, истакна Бобан Костадиновски, координатор на МОФ Тетово.

Овој настан е насловен „Осмели се на промена“.

-Голем дел од граѓаните се доволно свесни за сите проблеми и последици, но се се доволно храбри за да започнат иницијатива.Се надеваме дека со оваа акција ќе поттикнеме и многу други во иднина, рече Александра Николовска од Медиа Арт клубот.

Денешниот настан е резултат на едногодишна дружба преку обуки и тренинзи на Медиа арт клубот на МОФ.

-Секоја година организираме настан во форма на иницијатива со која би се подигнала свеста кај граѓаните во врска со локалните проблеми, рече Николовска.

Младинскиот клуб е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи и за други проекти.

Back To Top