skip to Main Content

Правила за квиз шоуто „Возење со Вучиќ“

Правила за квиз шоуто „Возење со Вучиќ“
  • 04.12.2018

Овој текст е направен исклучиво како информативен материјал за идните натпреварувачи и ги содржи комплетните правила на квиз шоуто „ВОЗЕЊЕ СО ВУЧИЌ“.

Општи правила на квиз шоуто

• Квиз шоуто „ВОЗЕЊЕ СО ВУЧИЌ“ се емитува на 1ТВ, секој ден од понеделник до петок, со почеток во 17:45 часот и неколку најавени репризни изданија . Квизот е со траење од 45 минути.

• Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија, постари од 14 години.

• По првото учество во квизот, натпреварувачот има право да се пријави повторно по 6 месеци.

• За секоја емисија од „ВОЗЕЊЕ СО ВУЧИЌ “ нашиот организатор определува двајца натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во таа емисија.

Избор на натпреварувачи

Пријавување преку интернет:

• Електронската пошта (vozenjesovucic@gmail.com) за пријавување преку интернет е поставена на видливо место на веб страницата www.1tv.mk.

• Во поштата потребно е да се внесат име и презиме, адреса, телефонскиот број на потенцијалниот учесник.

• Исто така можно е пријавување и преку нашата facebook страница (www.facebook.com/возење-со-вучиќ).

Пријавување преку телефон:

• Пријавувањето преку телефонскиот број (078-221-827) се одвива така што кај нашиот организатор се остава име и презиме, адреса и телефонски број и се чека повик за закажување на следното снимање на емисијата.

Општи правила на играта во квиз шоуто „ВОЗЕЊЕ СО ВУЧИЌ“

• Најголемата награда која може да ја освои учесникот во една емисија на квиз шоуто е патување за двајца на некоја дестинација.

• Во една емисија учествуваат двајца натпреварувачи во вкупно 4 игри.

• Првата игра „Весели прашања“ се состои од една песна по која што водителот поставува едно прашање поврзано со песната. За секој точен одговор на прашањето натпреварувачот освојува една од стоковите награди.

• Втората игра „Џа или бу“ се состои од 7 прашања со различна тежина со два понудени одговори. За точно одговорени пет, шест или седум прашања, натпреварувачот освојува по една награда и можно е да освои најмногу 3 награди.

• Третата игра „Кој сум, што сум?“ е игра во која натпреварувачот одбира една категорија од понудените четири, потоа водителот одбира еден поим од таа категорија напишан на картичка и натпреварувачот поставува прашања со цел да открие кој поим се наоѓа на картичката во рацете на водителот. Времетраењето на играта е 150 секунди. За погодениот поим натпреварувачот освојува една од стоковите награди.

• Четвртата игра „Дали знаеш?“ се состои од едно прашање, чиј точен одговор му ја носи на натпреварувачот главната и најголема награда во квиз шоуто, патување за двајца. Натпреварувачот одбира еден плик од понудени три во кој се наоѓа прашањето.

• По завршувањето на првиот натпреварувач, следи кратка пауза и следниот натпреварувач почнува со игра.

Доделување награди

• Доделувањето на наградите во квиз шоуто „Возење со Вучиќ“ се одвива веднаш по завршувањето на снимањето на емисијата. Сите освоени награди натпреварувачите ги подигнуваат од нашиот магацин и немаат никаква понатамошна обврска околу квиз шоуто.

Back To Top