skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Mакедонија го слави 11 октомври – 77 години од антифашистичкото востание и НОВ

Mакедонија го слави 11 октомври – 77 години од антифашистичкото востание и НОВ
  • 11.10.2018

Секоја генерација е должна да ги проширува видиците а секој граѓанин да реагира секогаш кога некој го блокира и го оневозможмува неговиот развој. Премиерот Заев на одбележувањето на 11 октомври во Куманово изјави дека политичките лидери и народните избраници имаа обврска да продложат храбро и одлучлно кон остварување на стратешките цели на Македонија во оваа фаза од историјата. Побогато општество, повеќе можности за сите, членство во НАТО алијансата и Европската унија.

– Вистинските патриоти го почитуваат минатото на својата земја, но многу поважна е иднината. 11-ти Октомври 2018 година е дел од Востанието на нашата генерација. Ова е востание на гласот, глас со кој ќе ја осигураме иднината. Тој граѓански глас ги повикува институциите да ја овозможат европската и атлантската иднина. Сега е ред на гласовит на Пратениците во Собранието. Прд 78 години борците од НОБ почнаа борба за иднината, а сега оваа генерација ја има таа чест да се избори за нашата иднина, истакна Заев во Куманово.

Токму во најтешкото време за Европа и светот, Македонија го направила најважниот потег. Народот ги искали македонските национални интереси и стратешката ориентација како нација, вели вицепремиерката Шекеринска. Според неа задачата на секој вистински лидер е да ја чува и негува земјата, да не бега од проблемите туку да ги решава и да не мисли на себе туку на својата државата и да ја однесе еден чекор напред од моментот кога ја наследил.

– Одлуката на владата да го иницира процесот на уставни промени е дел од таа визија. Предлогот да влезе во собраниска процедура е одлука да почнеме таа визија да ја спроведуваме. Овој предлог јасно ги демантираше сите манипулации, сите лаги и заплашувања во изминатиов период. Остануваме Македонки и Македонци, кои својот македонски јазик ќе успеат да го направат официјален јазик на Европската унија, изјави Шекеринска.

11 октомври е денот кој ќе означи четири годишна борба на поробениот македонски народ против надмоќниот фашистички окупатор, вели еден од учесниците во народно ослободителната војна, Никола Стојановски. Со многу жртви и херојства беше остварен сонот да се создаде прва македонска асномска држава вели тој, како темел за денешна самостојна Република Македонија.

– Денешното поставување на темелните вредности на нашата народно ослободителна борба во која се втемелени животите на над 24 илјади борци и на вредностите и придонесите на АСНОМ-ска Македонија не се само повикувања на траен пиетет на тие вредности туку пред се потреба на нова храброст, нова смелост за изградба на врзните ткива на нашиот народ што во овие кризни состојби ќе го поведе по светлите патишта на слободата, единството , смелоста и придонесот на секого за отварање на нови перспективи за развојот на државата врз високите европски и светски вредности, истакна Стојановски.

Вицепремиерот Анѓушев вели дека овој датум е запишан во историјата како непокор на македонскиот народ, симбол на револуционерната борба за своја држава и просперитет.

– 41-ва година 11 октомври бил датум на борба против фашизмот, денеска имаме нови предизвици како македонска држава, а предизвиците се да се биде член на НАТО и ЕУ каде што се нуди стабилност и безбедност за нашиот народ, изјави во Прилеп, Анѓушев.

Празникот со свечености се одбележа пред владата во Скопје, на Спомен костурницата во Куманово и на Могилата на непобедените во Прилеп.

Антонио Крстевски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top