skip to Main Content

(Видео) Шекеринска: За текстот во амандманите ќе разговараме со пратениците

(Видео) Шекеринска: За текстот во амандманите ќе разговараме со пратениците
  • 21.10.2018

Најверојатно до крајот на наредната недела уставните амандамни за промена на Уставот ќе влезат во собраниска процедура, велат извори во законодавниот дом за 1ТВ. Нема да се чека 15 дневниот рок за нивно поднесување, најавивме дека амандманите нема да ги пишуваме зад затвоени врати и владини канцеларии, туку заедно со пратениците, рече министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шеkеринска.

-Сакаме да постигнеме добар резултат во Собранието, но за спроведување на Договорот со Грција. Така што од аспект на Грција, мислам дека тоа е единствениот интерес, да се спроведе Договорот онака како што е договорен. Ние немаме намера тоа да го прекршиме. Кога ќе потпишеме нешто, кога ќе постигнеме договор, се трудиме буквално секоја точка и запирка да ја обезбедиме. Меѓутоа, факт е дека во Грција и овие денови се слушаат истите пораки против Договорот, што покажува дека Македонија мора да ја искористи историската шанса. Ваков договор, договор во којшто се гарантирани македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонското државјанство, нема да добиеме во иднина. И затоа сега е моментот и убедена сум дека тоа влијаеше на пратениците во Собранието на Р. Македонија да се искористи таа шанса и да не дозволиме Договорот кој тоа ни го гарантира да ни се измолкне од рацете. Но, велам, уставните измени, од почетокот најавивме, ќе ги работиме заедно со Собранието. Тие уставни измени ќе бидат резултат на имплементацијата на Договорот од Преспа. Македонија својот збор и своите обврски ќе ги реализира, изјави Шекеринска.

Во испорачаните амандамни, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за отворањето на Уставот се:

-Уставен амандман кој ќе го гарантира македонскиот идентитет,

-Поништување на сите устави промени и на Договорот од Преспа, ако Грција не го ратификува Договорот

-Постепено менување на името за внатрешна употреба, во зависност од реализација на  членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Прифаќање на иницијативата за простување на сите обвинети за настаните на 27 април и основање собраниско тело со план за национално помирување во рок од 30 дена“.

Инаку, во второто  гласање од вкупно три, за владините амандмани потебно е просто мнозинство. За третата  фаза – усвојувањето на амандманите, е потребна  поддршка од двотретинско или најмалку 80 пратеници. Во меѓувреме, опозициските партии на Албанците застапени во парламентот БЕСА на Касами и Алијансата на Села, не ја исклучуваат можноста поддршката за Уставните измени  да ја условат со стартите барања – целосна рамноправност на Албанците. Касами за 1ТВ рече дека од понеделник ќе изелзат и со поконкретен став. За ДУИ побитни националните интереси.

-Овој процес е апсолутен приоритет. Сме се залагале 17 години за да стигнеме до ден денешен. И, да, нема да се залагаме, нема да го загрозиме тој процес со кое било друго барање. Јас мислам дека поексплицитен не можам да бидам, рече Артан Груби од ДУИ за време на гостувањето во отвореното Студио 1.

И БЕСА на Касами и Алијансата на Албаците на  Села имаат по двајца пратеници.

Весна Велкова Тодоровска

Back To Top