skip to Main Content

Манчевски: Затоа што имам став, го искажувам на право место – во гласачката кутија!

Манчевски: Затоа што имам став, го искажувам на право место – во гласачката кутија!
  • 24.09.2018

Македонскиот филмски режисер познат и во светската јавност, Милчо Манчевски во видео обраќање до македонските граѓани вели дека ќе излезе на референдумот и ќе го каже својот став. Во видеото постирано на неговиот „фејсбук“ профил Манчевски многу кратко со неколку зборови ги кажува причини поради кои ќе излезе и ќе го поддржи референдумот.

– Затоа што имам став. Го искажувам на право место. Во гласачката кутија!, гласи кратката видео порака од Манчевски.

Милчо Манчевски е роден на 18 октомври 1969 година во Скопје. Студира Историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Во 2007 година ја добива титулата Амбасадор на културата на Република Македонија, а во 2012 година е прогласен за Национален уметник на Република Македонија. Се стекнува со почесен докторат од московскиот VGIK во 2013 година. Тој е челн на Режисерската асоцијација на Америка, Европскиот филмски фестивал и PEN клубот; учествува како дел од фестивалското жири во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Вилнус, Пула, Минхен, Ростов на Дон и др. “Њујорк тајмс” го вклучи неговиот филм “Пред дождот” (1994) во листата на 1000 Најдобри филмови некогаш направени.

Back To Top