skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Претепаното бебе може да остане инвалид – можни проблеми со движење, говор и вид

Претепаното бебе може да остане инвалид – можни проблеми со движење, говор и вид
  • 17.07.2018

Претепаното 14 месечно бебе кое пред десетина дена беше примено на Карил, може да остане траен инвалид од бруталното тепање. Ова за 1Тв го потврдуваат доктори од клиника кои се разочарани од катастрофалните повреди на мозокот на детето кои ги дале резултатите од магнетот. Стравуваат дека бебето има оштетувања на витални функции и може да има проблеми со движење, говор и вид. Покрај старите и новите повреди и крвавењето на мозокот повреден е и очниот нерв. Доктор Маријан Камиловски од Детската хирургија за 1Тв вели дека бебето е страшно тепано и малтретирано и дека секој ден откриваат нови повреди. Тоа е стабилно и надвор од животна опасност, но понатаму ќе се одлучува што може да се преземе.

„Моментално здравствената состојба на девојчето кое се наоѓа кај нас е стабила. Продолжуваме со процедури за проценка на неговите повреди. Секој ден излегуваат некои нови. Повредите се претежно од централно потекло така што проценака понатаму за последиците не можеме да дадеме. Бебето има повреди на главата од постар и од понов период. Тоа дете е тепано и малтретирано има крвавење има фрактури на черепот и оштетувања, треба време тие повреди да се санираат. Ќе направиме план за лекување во втора трета фаза. Можно е детето да остане со трајни последици, мислам дека веројатно ќе има некои последици но не знаеме кој – вели за 1Тв Камиловски.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова пак вели дека извршиле вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на претепаното 14-месечно бебе.   Констатирале дека детето пет пати било носено на преглед кај матичен лекар изминатите неколку месеци од кои последниот пат на 4 април. Во здравствениот картон не се евидентирани модринки или други повреди на бебето.

Кој го претепа бебето и по 9 дена се уште нема одговор. Од МВР само велат дека уште работат на расчистување на случајот. Последно пак од обвинителството изјавија дека насилникот ќе се бара преку ДНК анализи и друг вид аналзи на траги.

„Основното јавно обвинителство Скопје доби писмено известување од МВР, по што изготви наредби за утврдување битни факти во предметот, за ДНК и друг вид анализи на траги. Резултатите од наредените вештачења се очекуваат. Во меѓувреме, МВР продолжува да постапува по дадените насоки од страна на јавен обвинител и презема дејствија за откривање на сторител на кривичното дело“- изјавија од ОЈО.

Бебето минатиот викенд со скршеници на черепот и нозете и крварење во мозокот, дехидрирано и неухрането беше примено на КАРИЛ.

Мајката која го однела во болница, прво тврдела дека паднало од креветче, па дека ја истепале родини на сопругот кој е во затвор, за потоа да каже дека насилникот е мажот со кој таа живеела. Полицијата ја задржа 20-годишната мајка во полициска станица, па ја пушти. Сега е во засолниште за жртви од насилство Таа и роднините имаат забрана за секаков контакт со бебето.

Александра Филиповска

 

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top