skip to Main Content

Заев му се заблагодари на Ѓоковиќ за „Македонско девојче“ и го покани во Охрид

Заев му се заблагодари на Ѓоковиќ за „Македонско девојче“ и го покани во Охрид
  • 06.07.2019

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил му се заблагодари на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ за испеаната „Македонско девојче“ и му упати отворена покана во името на Владата и на граѓаните да ја посети нашата земја, поточно Охрид, како што посака.

Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи по победата во 3. коло од Вимблдон против Хуркач, со што обезбеди пласман во втората недела од третиот годинешен гренслем, а со тоа и слободен викенд.

Со оглед што нема да игра на теренот, во друштво на физиотерапевтот Миљан Амановиќ имаше вклучување во живо на Инстаграм од станот во кој е сместен во Лондон, од каде што посака да е покрај Охридско Езеро.

Популарниот Ноле се прикажа во нешто поинакво светло какво што неговите фанови навикнале да го гледаат, играше стомачен танц, пееше на арапски, а во еден момент ја запеа и нашата „Македонско девојче“ за сите пријатели кои ги има во нашата држава.

„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, рече Ѓоковиќ и побара да му се прати некоја фотографија од градот.

Back To Top