skip to Main Content

1Тв сторија: Огнен и Марија – децата кои мечтаат за детска соба, добија ваучер за летување во Охрид (Видео)

1Тв сторија: Огнен и Марија – децата кои мечтаат за детска соба, добија ваучер за летување во Охрид (Видео)
  • 06.07.2018

Од тогаш, од 2013 година животот на семејството Христовски тргнал надолу –  тонат се подлабоко во сиромаштија. Неможат да состават крај со крај, немаат ниту услови за живот, ниту средства за основна егзистенција. Владо е самохран татко – целиот товар во одгледувањето на двете деца е на негов грб. Се грижи и за 71 годишната болна мајка, чија инвалидска пензија е основниот приход на семејството.

Семејството Христовски не бара многу, само храна и уште една соба која би била детска. И помош за сметките за комуналии кои тешко успеваат да ги плаќаат.

Владо ја изгубил сопругата трагично, од камен во бубрег кој предизвикал сепса. Вели се му е тешко, но не му останува ништо друго, освен борбата да ги изведе на прав пат своите мали деца. Работи се и сешто, секаде каде што ќе го викнат само да донесе храна дома.

Нема ни социјална помош ниту нешто од државата. Се е од хумани граѓани и организации кои по некогаш им помагаат.

А бабата Горица жали што не може повеќе да допринесе за двете внучиња, бидејќи и таа е болна. Вели најмногу  ја боли кога децата бараат, а таа нема да им даде.

Марија и Огнен се срамат од камерата и само скришно ѕиркаат меѓу дупките од расклатените скали кои водат до поткровјето, кое е нивното скривалиште и катче за играње. Сакаат се што и сите останати деца.

1Tв заедно со туристичката агенција „New Ways Of Travel “ приреди мало изненадување за семејството Христовски. Исполнивме барем една желба на Огнен и Марија. Добија ваучер за седумдневен одмор летово во Охрид. Велат дека се пресреќни, но се срамат да зборуваат пред камера. А Огнен кој не памети дека некогаш бил на одмор, вети дека сега ќе научи да плива.

Овие кривулести, расклатени скали водат до и од домот на семејството Христовски. Во животот не им цветаат рози, доживеале многу падови, но сепак имаат надеж дека ќе се кренат, дека заедно со хуманите граѓани полесно ќе ги поминат сите премрежја во животот.

Александра Филиповска

Back To Top