skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

1ТВ разговор со министерот за култура Адеми – Како се распределуваат буџетските пари за култура?

1ТВ разговор со министерот за култура Адеми – Како се распределуваат буџетските пари за култура?
  • 13.03.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 кај уредниците Ацо Кабранов и Борјан Јовановски беше министерот за култура Асаф Адеми, а тема на разговорот беше како се распределуваат буџетските пари во културата и расправата во парламентот околу ова прашање.

„2019 година ќе биде година што ќе биде преполовена со културна активности. Културните одржини се добро организирани и ќе има квалитетен културен живот во март“, изјави Адеми.

Околу Националната стратегија 2018-2022 и нетранспарентноста во културните политики, Адеми со став дека парите треба да се распределат врз основ на законот за култура.

„Начинот на финансирање врз основа на законот за култура ме делигира мене како да го претставувам. Но јас сметам дека треба рамномерен развој, учество на НВО-ата, а со тоа задоволно граѓанство“, вели Адеми.

На прашањето за објавувањето на резултатите од конкурсот и жестоките реакции и забелешки, на пример Џез фестивалот, Златно славјче….. Адеми вели дека финалните резултати се дека добија финансиска поддршка, иако комисијата претходно утврдила дека не ги содржат работите кои што ги има во конкурсот, но со правниот сектор утврдиле дека работите кои имаат национален приоритет заслужуваат таков третман.

„Голема врева се крена и дека неодамна отворените НВО добиле повеќе сретства е лага и не е точно . Поради ова побарав од комисиите да ги утврдат и да ги анализираат сите проекти. Имаше една НВО која добила 800.000 денари, но формирана е не повеќе од една година.

-За таквите максималниот износ е 100.000 денари. Членовите на комисијата ги гледале портфлијата на носителите на таа НВО, а не кога се тие формирани“, рече Адеми.

Целиот разговор со министерот Асаф Адеми погледнете го во видеото:

Back To Top