skip to Main Content

1ТВ: Никакви закани, ни обиди за поткуп нема да го спречат емитувањето на „Македонски инсајдер“

1ТВ: Никакви закани, ни обиди за поткуп нема да го спречат емитувањето на „Македонски инсајдер“
  • 18.01.2019

„Македонски инсајдер“ добива закани уште пред серијалот да почне да се емитува во етер. По објавувањето на најавите за првите четири досиеја кои ќе бидат дел од првите неколку изданија на нашата адреса стигнаа закани и по телефон и преку смс пораки. Уредничката Јадранка Костова во Централниот дневник на 1ТВ се осврна на тие закани истакнувајќи никакви уцени, ни обиди за поткуп нема да поминат.

-Овластена и должна сум во име на уречничкиот колегиум на 1ТВ да пратам неколку пораки. Прво, сите закани што ќе дојдат и доаѓаат ќе бидат предадени и процесуирани до надлежните институции. Потоа, сите материјални докази што истражувачкиот тим на 1ТВ ќе ги собере за состојбите, а сѐ е тоа поврзано со криминал исто така ќе бидат доставени до надлежните институции. Сакам да верувам дека тие ќе бидат на некој начин посветени како 1ТВ, во истражувањето на состојбите во тие области. Трето, има шпекулации дека најавата на овие емисии е обид за рекет, такви непристојни понуди веќе има и се одбиени. Обиди за поткуп за да стопираат овие материјали не поминуваат. Македонски инсајдер е лиценциран формат и ќе работи по тие стандарди. Четврто, сите материјали ќе бидат работени по професионални ставови и ќе бидат застапени ставовите на сите. Првата емисија ќе оди на 17 февруари и петто и мој личен став, кога за овие четири теми се вознемирени од различни адреси, можам да разберам зошто Македонија и после 28 години нема правна држава. Сите закани, обиди за поткуп нема да поминат ниту ќе го спречат Македонски инсајдер кој работи по лиценциран формат, рече Костова.

Back To Top