skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

1ТВ дознава: Владимир Панчевски осомничен за АКМИС-от во Кривичниот суд

1ТВ дознава: Владимир Панчевски осомничен за АКМИС-от во Кривичниот суд
  • 18.09.2018

Од прв човек на Кривичнот суд, судијата Владимир Панчевски осомничен во Обвинителството за АКМИС Системите, дознава 1ТВ. Според нашите извори, Панчевски информацијата ја добил во писмената покана за распит од Обвинителството.

Панчевски во скопското Обвинителство ќе одговара на прашањата на двајцата обвинители околу АКМИС Системите во Кривичен. Тој не е единствениот кој ќе одговара на обвинителските прашања, но како што и претходно објави 1ТВ има само еден осомничен во постапката на ОЈО Скопје. На распит е повикан и шефот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, но во својство на сведок, како и преостанати судии, инфоматичари и судски административци.

Лани во декември министерството за правда го објави извештајот за АКМИС Системите, откако работната група го провери електронскиот систем за распоредување на судските предмети во Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд.

Во извештајот, меѓу другото, се наведе дека во Кривичен, 860 предемти не биле доделени на судија. Скопскиото обвинителство располага со докази од „скопска единица“, СЈО и од Судскиот совет. Нефоцијално, укажуваат дека во Кривичен, имало пракса предмети да се делат на рака, наместо електронски, по парав на тогашниот Претседател на судот на подобните судии.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top