skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

1ТВ во Солун, пред кафулето и луксузниот ресторан што ги посетувале Грујевски и Бошковски

1ТВ во Солун, пред кафулето и луксузниот ресторан што ги посетувале Грујевски и Бошковски
  • 06.12.2018

По денешното рочиште за упадот во Собранието на 27 април, новинарот Игор Стефановски кој го следеше го сумира судскиот ден – обвинетиот Александар Василевски Нинџа реши да проговори. Човекот кој бил очите и ушите во тајната полиција ја размрда јавноста со сведочењето за организацијата и командната структура на крвавиот четврток.

Во линковското јавување од Солун, новинарката Искра Опетчевска следејќи ги трагите добиени од извори на 1ТВ, откри дека бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои сведочеше Нинџа, посетуваат тамошно кафуле и луксузен ресторан.

-Ресторанот во којшто доаѓале Грујевски и Бошковски е недалеку од местото каде што се наоѓаме вечерва. Кафулето во кое доаѓаат на утринско кафе е токму во трговскиот центар зад нас, известува Опетчевска, но додава и дека биле спречени да снимаат од обезбедувањето на објектот. Екипата на 1ТВ побарала дозвола за снимање утре, по што им биле побарани детални податоци и очекуваат дека утре може да им биде одобрено снимање во трговскиот центар и ќе се обиде во наредните денови да прикаже снимки од двајцата бегалци.

Разговорот погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top