skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

1ТВ во затворот „Идризово“ – гласањето тече без проблеми

1ТВ во затворот „Идризово“ – гласањето тече без проблеми
  • 20.04.2019

Изутрина во Скопскиот затвор „Идризово“ се отворени гласачките места. Први правото на глас го оствариле жените затворенички.

Гостин во Вестите на  1ТВ беше Боби Мојсовски, директор на КПД „Идриово“, кој изјави дека очекува фер и демократски избори во установата со која што раководи.

„Во Македонија право на глас имаат 1640 затвореници, од кои 858 во КПД „Идризово“ и отвореното одделение во Велес каде 41 избирач има право на глас и над 90 проценти е завршено гласањерто. До 12 часот во КПД „Идризово“ излезноста е 37 проценти. Гласањето се одвива мирно“, изјави Мојсовски.

Во Вестите ја погледнавме и прес конференцијата од ДИК каде што информираа за тековните случувања околу изборите до 12 часот.

За овие избори акредитирани се 3150 домашни и 450 странски набљудувачи, 289 преведувачи и 20 странски новинари.

Новина на овие избори е дека оние со оштетен слух и говор воведена е телефонската линија 076 488 360 каде што преку видео повик ќе можат да добијат одгвор на своите прашања преку знаковен јазик.

ДИК на овие избори воведува нова постапка, покрај постојните предвидени во законот, која ќе придонесе за зголемена контрола и споредба на првичните неофицијални резултати кои комисијата ги добива по електронски пат, а ги објавува сукцесивно. Благодарение на современите технологии, граѓаните ќе ги знаат првичните неофицијални резултати многу побргу во споредба со претходните изборни циклуси.

По електронски пат, односно преку апликацијата „вибер“, ДИК ќе добива директно резултати од избирачките места најпрвин од претседателите на избирачките одбори. Подоцна, исто така по електронски пат, ќе ги добие и првичните неофицијални резултати од страна на општинските изборни комисии откако ќе се пополнат записниците од избирачките места

Прашања за ДИК граѓаните можат да поставуваат и на бесплатниот број 0800 555 444.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top