skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Раскинувањето на Договорот за Казандол законито пресуди Управниот суд
На хирургија во Струга заболени девет здравствени работници од морбили
Прво писмо на Асанж по апсењето: Обиколен сум со убијци, не ми даваат да се бранам
Утре на Бихаќка и дебата за промена на кадри во извршната власт
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Џафери во „Печат на неделата“: Јас не сум причина за случувањата од 27 април, општа потреба е да се постигне помирување

Џафери во „Печат на неделата“: Јас не сум причина за случувањата од 27 април, општа потреба е да се постигне помирување
  • 26.12.2018

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери беше гостин во емисијата „Печат на неделата“ на Сашо Ордановски каде разговорот започна на тема – измените во Кривичниот закон.

„Во Собранието е секогаш бурно. Процедурите се такви, па предлагачите во секоја фаза може да поднесуваат нови предлози. Тоа се постапки кои може пошироката јавност не ги знае. Но процедурите се тие. Затоа перцепцијата однадвор е таква“, кажа Џафери

– Се работи за деликатен законски предлог бидејќи законот треба да опфати такви кривични дела со кои многу од тековните кривични дела особено во процесите на СЈО може да отпаднат.

– Кога се предлагачи пратениците секогаш можат да ги формулираат работите како што ги имаат замислено. Доколку јас се мешам во материјалниот дел би требало да заземам страна. Бидејќи деловникот ми дава можност да ги гледам предлозите, настојувам во материјалниот дел да не навлегувам, но на тоа што сметам дека е проблематично укажувам. Во тој аспект изгледа дека се случува хаос, бидејќи тие што треба да го спроведат законот може да се соочат со недоречености“, објасни претседателот на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека сака да протне уште еден закон, дека нема да учествуваат во расправата, но и дека се работи за уште едно пазарење, на што Џафери истакна дека формално-правниот аспект е една работа, а функционално никој не може да го оспори правото на предлагање.

„Мислам дека ништо не може да ја обезвредни целта. Перцепцијата е јасна, веќе подолго време сум во политиката. Во секој случај ги следам и политичките случувања. Јас разбирам дека општо постои една перцепција, не би рекол пазарење, туку општа потреба во Македонија по сите случувања да се има обид да се постигне општо помирување.“, кажа Џафери.

Во однос на „27“ април тој ги отфрли обвиненијата дека е причина за настанувањето за „крвавиот четврток“.

Јас не сум причина за случувањата од 27 април, туку причина е лошиот начин на пренесување на власта, истакна претседателот на Собранието.

Колку е ДУИ проблемот во оваа власт? Ќе биде ли Џафери консензуалниот претседателски кандидат? Можно ли е тој да биде наследникот на Али Ахмети на лидерската позиција во ДУИ? Процесот на помирување, детектирањето на изворот на почетокот на проблемот и последиците од Законот за амнестијата. Начинот на неговот спроведување. За случувањата на „Крвавиот четврток“ и не сакањето некој да ја предаде власта по мирен пат. Зошто треба да се интервенира законски во одредени кривични дела и колку во политичка смисла Џафери се чувстува комотен при неговото евентуално носење? Колку со носењето на овој закон во преносна смисла се сечат крилјата на СЈО?  За измените во кривичниот закон, помирувањата, предметите од СЈО, обврските како политичар, но и претседател на Собранието на Република Македонија, крвавиот четврток, можноста Кацарска да побара да биде изземена доколку процесите почнат од почеток, погледнете во видеото подолу.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top