skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ќе се отстранува урбаната опрема од јавниот простор во Чаршија – разговор во Централниот дневник

Ќе се отстранува урбаната опрема од јавниот простор во Чаршија – разговор во Централниот дневник
  • 19.06.2019

Ако општина Центар мака мачи со дивите летни тераси, особено во Дебар Маало, таков проблем има и општина Чаир, во старата скопска чаршија. Со години наназад не се водеше сметка за тоа како никнуваат платформи пред локалите, а на оваа тема, во Централниот дневник на 1ТВ разговаравме со Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

-Презедовме заедничка иницијатива, општина Чаир, Град Скопје, општина Центар, Пазарен инспекторат и ??? служби. Пред месец и нешто доставивме допис до секој објект да достават документација врз база на којашто поставиле летни тераси со урбана опрема. Од сите тие објекти не реагираа навремено и речиси ниедна достава не добивме во општината. Се собравме пак со надлежните инспектори од сите институции и требаше да одиме на лице место да ги побараме документите. Наидовме на 35 објекти кои немаат никаква документација. Им доставивме предупредувања дека во рок од пет дена се обврзани да ги тргнат сами тие тераси, во спротивно мора да ургираме според законите и прописите, вели Ганиу.

Како што објаснува, од тие 35 објекти, 29 сами ги тргнале платформите, а уште шест не направиле ништо. За нив крајниот рок е четврток навечер, пет работни дена, а ако не интервенираат тие, во петок ќе интервенираат службите. Тој сепак очекува да ги искористат наредните два дена, инаку службите имаат обврска и нема да ги амнестираат од казните, а ќе мора да ги подмират и трошоците за службеното отстранување. Урбаната опрема на локалите, вели тој, освен што им го попречува патот на граѓаните, вработените и туристите, претставува опасност во случај да треба да интервенира пожарната служба или брзата помош.

-Немаше закани, но нормално, секој кога доаѓа кажува дека е поврзан или дека може да се јави кај некого, но јас сум решен и секоја акција ??? повеќе институции, а како капа над нас е и Град Скопје, општина Центар во тој дел што го контролираат тие, Пазарна инспекција, полиција… Знаевме дека ќе наидеме на потешкотии, но се организиравме и имавме одличен акциски план кој сега треба да го спроведеме, рече Ганиу и ги уверува граѓаните дека урбаната опрема ќе биде отстранета до последен објект.

Сличен проблем има и на Пластичарската улица, каде што продавници ги узурпираат тротоарите, а граѓани паркираат на улица за да пазарат. Како што вели Ганиу, се што ќе побара Град Скопје во однос на таа улица, општина Чаир ќе им излезе во пресрет.

Back To Top