skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ќе се најде ли трајно решение по суспензијата на Законот за зелените пазари – разговор во Студио 1

Ќе се најде ли трајно решение по суспензијата на Законот за зелените пазари – разговор во Студио 1
  • 08.02.2019

Едногодишната суспензија на Законот за зелените пазари сепак не го смири незадоволството меѓу пазарџиите, а за ова новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски разговараа со Екрем Долек, претседателот на Комората на трговци.

-Овој Закон во оваа форма не го донесов ниту јас ниту некој друг поединечно. Кога се согласивме за тие четири главни точки врз кои треба да се изгради, бевме присутни околу 35 претставници од поголемите пазари во државава. Одлуката е донесена во Скопје, дека не сакаме фискализација, но го сакаме овој начин на легализација. Врз основа на тие четири точки е направен законот, вели тој.

Тој се сомнева дека зад организацијата на протестите стои нечиј финансиски интерес.

-Ние бевме согласни по четири егзистенцијални точки – да се регистрира фирма, но не во Централен регистер туку преку легитимација, персоналниот данок да биде паушално одреден и плаќање на придонесите за здравствено и пензиско осигурување на паушална основа. За другите работи не сме ни биле дел од решавањето на проблемот. За одредувањето на работата на овие луѓе на пазарите има други закони во државата кои ги одредуваат, објаснува Долек.

Целиот разговор со него можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top