skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ќе престане ли играњето пинг-понг со граѓаните во управното судство – тема во „Правда и неправда“

Ќе престане ли играњето пинг-понг со граѓаните во управното судство – тема во „Правда и неправда“
  • 22.01.2019

Управното судство во Македонија има традиција од речиси 70 години. Во 1952 е донесен првиот закон за управни спорови. Од 2006, кога беше формиран Управниот суд и 2010 кога беше формиран Вишиот управен суд, Македонија се определи за специјализирано управно судство. Зошто кај граѓаните постои перцепција дека ова судство е ставено во втор план – на оваа тема Гордана Дувњак разговараше со професорот по управно право Борче Давитковски и претседателката на Вишиот управен суд, Лидија Ивановска.

-Управното судство, како специјализиран дел од судскиот систем на Македонија има специфична улога, како што е во сите парламентарни демократии, судската да биде коректив на извршната власт. Овде доаѓа до израз таа компонента, управното судство да ја оценува работата, а пред се актите на органите на државната управа, пред се на Министерствата и другите органи. Управното судство е првата брана, заштитник на правата на граѓаните кога сметаат дека им се повредени со акт на државните органи. Нашето управно судство се уште не е доволно етаблирано во државава, од субјективни причини, бидејќи и Управниот и Вишиот управен суд не се толку експонирани, но треба да бидат попрепознатливи, а така ќе биде со новиот закон, затоа што ќе ги добијат сите нишани на суд. До сега ценеа законитост на актот, ако е незаконит ќе го поништат и ќе го вратат на повторно одлучување, објаснува професорот Давитковски.

-Секој граѓанин, откога ќе се роди, има работа со Управниот суд, од вадењето на изводот од матичната книга на родените, лична карта, возачка… Секој ден сме во допир со управните органи. Сите незадоволства што ги чувствуваат граѓаните, имаат право да поднесат тужба против органот на управа, односно против поединечниот управен акт, вели Ивановска.

Како што објаснува, судот се соочува со многу непополнети места според систематизацијата, а 12 судии колку што се, имаат само еден стручен соработник, што им оневозможува да судат кога имаат потреба. Професорот Давитковски додава дека во управното судство е направен радикален рез, бидејќи порано управните спорови ги решавал Врховниот суд, но сега кога се префрлиле ингеренциите, Управниот суд нема судница, дактилографи, стручни соработници, а дури и своја зграда и друго.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top