skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ќе поскапат ли струјата и нафтата со либерализацијата на пазарот – тема во Студио 1

Ќе поскапат ли струјата и нафтата со либерализацијата на пазарот – тема во Студио 1
  • 14.03.2019

Цените на енергенсите на домашниот пазар, освен што зависат од светските берзи, следи и либерализација на пазарот. ЕВН е определен како генерален снабдувач на струја, но постојат индикации дека недонесувањето на измените на законот за енергија, пред сѐ за нафтни деривати, може да добиеме монополски цени од ОКТА. На оваа тема уредникот Александар Чомовски разговараше со Марко Бислимовски, шеф на Регулаторната комисија за енергетика.

-Побаравме да се измени Законот за енергетика во делот на начинот како ги определуваме цените за бензинот и дизелот во државава, со цел од постоечкиот Закон. Во него е дефинирано дека ние определуваме рафинериски цени, а фактичката ситуација покажува дека ОКТА во последниве 5-6 години не произведува нафта и нафтени деривати. Побаравме во измените таа фактичка ситуација да се одрази во Законот за енергетика и да се наведе точно дека ќе определуваме малопродажни цени за нафта и за нафтени деривати. Иницијативата беше прифатена од Владата, минатата недела Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за енергетика со кој се предвидува РКЕ да донесе методологија за определување на малопродажните цени за нафтата и дериватите, објаснува Бислимовски.

Како што додава, исто како до сега, според договорот за продажба на ОКТА на Хеленик Петролеум, кој во 1999 беше ратификуван и од нашето Собрание, било предвидено државно тело да ги определува цените на нафтата и нафтените деривати, обврска што за РКЕ завршува на 8 мај. Затоа, предложиле пред конечната либерализација на овој сектор да се оди чекор по чекор, а меѓучекор да биде РКЕ во наредниот период повторно да определува малопродажни цени. Тој очекува дека и пазарот треба да биде подготвен за целосна либерализација, особено имајќи го пред вид фактот дека во последниве 5-6 години пазарното учество на пазарот со нафта на ОКТА е меѓу 70-80 проценти и не се создадени доволно услови за либерализација.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top