skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ќе биде потребно странско посредство за кризата во Албанија – 1ТВ во Тирана со Ѓерѓ Вурмо

Ќе биде потребно странско посредство за кризата во Албанија – 1ТВ во Тирана со Ѓерѓ Вурмо
  • 21.06.2019

Во Албанија се вжештува политичката битка, со илјадници демонстранти на опозициските протести во Тирана и зголемено полициско обезбедување. Уредникот Сашо Ордановски линковски се јави од последниот голем митинг на албанската опозиција пред изборите закажани за наредната недела, кои се закани дека не само што ќе ги бојкотира, туку и ќе ги спречи да се одржат. Демонстрантите пред зградата на Парламентот бараат оставка од премиерот Еди Рама и емитуваат снимки од т.н. бомби објавени од германски „Билд“ во коишто се проследуваат криминални врски и крадење на избори меѓу сегашната влада и криминални елементи во Албанија. За ова тој разговараше со Ѓерѓ Вурмо, програмски директор на Институтот за демократија во Тирана.

-Сите чекаат оваа политичка ситуација да дојде до некаков договор за да може двете страни, Владата и опозицијата да им стават крај на последниве два-три месеци кои беа негативно возбудливи. Ситуацијата е комплицирана, од една страна, меѓународната заедница беше на став дека има некаква политичка криза, но од легален аспект Собранието и Владата функционираат и дека тие случаи на кражба на изборите треба да се средат по судски пат. Ова беше логиката на меѓународната заедница. Втора причина мислам дека беше некаков тест за нас. По речиси 30 години, Албанија веќе 10 е земја членка на НАТО, се очекуваше позрела политичка состојба и позрели политички актери кои ќе мислат на својата земја. Последно, мислам дека е важно и тоа што веќе две ипол години во Албанија се случува реформа на судството, имаме ветинг процес. Мислам дека една од причините поради која и опозицијата се најде во многу тешка ситуација да ја увери меѓународната заедница беше и скептицизмот од страна на опозицијата наспроти реформата на судството, што е голем влог од страна на ЕУ и САД, рече Вурмо.

Како што објаснува, повеќето граѓани имаат доверба во таа реформа, но таа од година во година се намалува, а првите резултати се очекуваат во септември или до крајот на годината. Ситуацијата најмногу го проблематизира моментот со добивање датум за преговори од ЕУ, а Северна Македонија ја засега од аспект на тоа дека може да биде ставена во пакет со Албанија.

-Двете страни се отидени предалеку за која било да се повлече. Дали ќе имаме разрешување на кризата до октомври, мислам дека шансите се таму. Ако се има доверба и добра волја, може да се дојде до тоа. Кризата можеби ќе треба повеќе време да се реши, затоа што аргументите поради кои настана бараат време да бидат решени. Но мислам дека има шанси, иако странското посредство е неопходно, вели Вурмо.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top