skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Ќе биде ли Стразбур нова станица за спас на обвинетите во предметите на СЈО – тема на „Правда и неправда“

Ќе биде ли Стразбур нова станица за спас на обвинетите во предметите на СЈО – тема на „Правда и неправда“
  • 05.02.2019

Мислењето на Врховен суд за крајниот рок за случаите на СЈО е најблаго речено избрзано, затоа што е донесено со исклучување на јавноста, иако требало да биде присутна, а не била вклучена ниту стручната јавност и не било претставено што мисли другата страна, вели поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права и директорка на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска.

-Она што највеќе побудува интерес да се коментира оваа одлука е самиот нејзин текст, кој е препис на законскиот текст. Да почнам само од одредени зборови за кои апсолутно требало да се дадат аргументи. Првото: „ЈО за гонење на организиран криминал и корупција може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка“. Во таква ситуација, секој збор треба да се анализира. Што значи „може“? Дали е „мора“? Понатаму „или да нареди запирање“, тоа е или за постапка во врска со покренување на обвинение или е повторно дадена можност СЈО да одлучува што ќе прави со одредена истржна постапка. Понатаму вели „денот на преземање на предметите и материјалите од негова надлежност“, два елементи, за понатаму да се зборува само за „денот на приемот на предметите“. И особено важно е дека духот на овој Закон за СЈО воопшто не провејува ниту во мислењето, ниту во дискусиите, ниту во искажувањата на одредени судии од Врховен, вели Николовска.

Даница Џонева, владин агент во Европскиот суд за човекови права објаснува дека има примери во праксата на ЕСЧП поврзани со амнестија, на пример случајот „Лекса против Словачка“, најчесто споменувана по тоа што грчките власти ја одбија екстрадицијата на Бошковски и Грујевски по тој основ, иако не беше изрично спомената.

-Ако се прочита внимателно пресудата, може да се забележи дека многу фактички елементи од тој случај реално се пресликуваат во нашето милје. И таму имало помилувања од страна на претседателот, исто така било повлечено во еден момент. Зазел став и Уставниот суд на државата и тн. Наоѓам коинциденции и во самиот текст на помилувањето, елементите околу помирувањето, вели Џонева и додава дека во врска со предметите што ги води СЈО, Бирото за претставување на Македонија во ЕСЧП се уште нема примено таква апликација.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top