skip to Main Content

(Видео) Јовановски: Македонски инсајдер го одложивме поради големи притисоци, некој да побара моја ликвидација е сериозна работа

(Видео) Јовановски: Македонски инсајдер го одложивме поради големи притисоци, некој да побара моја ликвидација е сериозна работа
  • 28.06.2019

Првиот човек на 1ТВ во интервју со Костова објасни за проектот Македонски инсајдер, но и за програмските содржини на медиумот и тоа што може да се очекува во новата сезона.

„Не се откажа проектот, го одложивме поради големи притисоци. За некој да побара моја ликвидација е сериозна работа. Морам да признаам дека тука влеговме малку неподготвено. Имаме се уште многу теми кои не сме ги појавиле на екран, а поради импровизацијата ан првата решивме да правиме пауза. Да почекаме да дојде новата програмска шема и доколку сметаме дека е паметно со оглед на се што се случува во оваа земја, ние сме најмалку грешни. Ако има простор ќе го продолжиме Македонски инсајдер, но од септември ќе имаме нови содржини“, вели Јовановски за вниманието кое го предизвика овој проект, а потоа зборуваше за програмската шема и повика на одговорност за сите шпекулации кои влијаат на штета на медиумот.

„Утре е финалето за Ѕвезда број 1, ќе доделиме стан, Тамара Тодевска е претседател на жирито. Може и јас ќе се појавам во улога на жири. Јас сакам да изградам медиум кој ќе биде сериозен, јас не вложив во турски серии, туку во сериозни новинарски имиња. Тие се за мене најголемото вложување. Драго ми е дека задржавме ниво. Покрај целата пропаганда за целата телевизија останавме доследни на нашата кауза дека ќе бидеме професионални, неселективни и на ниво на нашата задача“, рече Јовановски.

„Од септември ќе инвестираме во подобра сериска програма. Во малку подобра забавна програма, важно ми е телевизијата да чекори по вистински пат, вработените да бидат спокојни и мирни дека вистинските лидери не се огрешуваат лесно. Препреки секогаш постоеле и ќе постојат. Но кога имаш чиста мисла и си убеден во својата намера и кога знаеш дека не си така валкан, можеш и мирно да спиеш и да го планираш патот за понатака“,  кажа Јовановски.

За скандалот со новинарот Бранко Геровски и шпекулациите за блокираната сметка на медиумот, односот со Владимир Тодоровиќ и Орце Камчев, секојдневните предизвици за градење на успешна телевизија со високи стандарди, штетата која ја претрпува медиумот поради невистинити приказни и за проектите во наредната сезона, можете да погледнете повеќе во видеото:

Back To Top