skip to Main Content

Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот

Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
  • 20.09.2018

Заев имаше доволно сила и поддршка од општеството да ги повлече потезите кои не се лесни. Сигурен сум дека ќе успее референдумот и со време на тоа ќе се гледа како нешто нормално, дека не било ништо комплицирано, вели Чедомир Јовановиќ, претседател на српската партија ЛДП.

-Подолго време Македонија беше чудна земја. Ние ви го земавме правото на самостојна црква, дел од територијата секогаш беше оспоруван поради отвореното албанско прашање, Грција ви го земаше идентитетот, Бугарија јазикот, а вие овде живеевте и пробувавте на животот да му дадете некаква смисла. Направени се историски чекори. Тоа што сите албански партии се во Владата е еден од доказите дека конечно Албанската заедница ја препознава својата држава, како и тоа што албанскиот стана еден од официјалните јазици. Претседателот на Собранието е Албанец во целиот овој пакет. Договорот со Софија е историски, а потоа и со Атина, изјави и додава дека малку мир ни е потребен на сите.

Како што спореди, цел свет е превртен на глава – Северна Кореја, Сирија, мигрантите, внатрешните политички турбуленции во САД и во Европа – и од никаде, Македонија се појавува во фокусот, а не е ни војна, ни криза, туку се случува нешто позитивно.

-Нам Ципрас ни помогна да видиме што прави Русија во Грција. Во Македонија не прават ништо, туку тоа го прават во Србија. Тие пробуваат да го девалвираат позитивниот процес направен помеѓу Скопје и Атина. Како што претходно го рушеа процесот на членството на Црна Гора во НАТО без да бираат средства, па заврши со неуспешен државен удар. Србија е бран во руската орбита, вели Јовановиќ и додава дека нему му е многу важно што Заев имаше храброст да каже дека ќе го поддржи договорот помеѓу Белград и Приштина и тоа што Вучиќ собра храброст да каже дека постојат тактички разлики но стратешки дека и тој го поддржува договорот меѓу Заев и Ципрас.

НАТО е единствениот инструмент преку кој ние можеме да ги регулираме нашите односи без да се убиеме, заклучува Јовановиќ и како пример ги дава Турција и Грција.

Back To Top