skip to Main Content

Јанаки Митровски во Студио 1: Јавноста треба да знае дека нема да дојде до укинување на извршителите

Јанаки Митровски во Студио 1: Јавноста треба да знае дека нема да дојде до укинување на извршителите
  • 20.12.2018

Гостин во Отвореното Студио 1 беше адвокатот Јанаки Митровски, кој зборуваше за престојната прва правна конференција закажана за 26.12.2018, но и за актуелната тема за извршители и легализација на марихуаната.

Има низа случаи и организации со примери каде лица приматели на социјална помош се со блокирани сметки, па дали е неоподно да постои ревизија за нивната работа, како и одговорност доколку ја злоупотребите својата функција.

„Никој не треба да биде изземен од одговорност, извршителите се склони на кривична одговорност. Секој што ќе добие налог за извршуавње може во рок од 3 дена од приемот да бара заштита од претседателот на основен суд. Ќе напоменам повторно дека социјално ранливите категории треба да бидат лимитирани во однос на трошоците“, рече Митровки

Тој исто така потврди дека на јавноста до сега треба да и е јасно дека нема до дојде до нивно укинување

„Би би било добро јавноста да знае дека до укинување на извршителите нема да дојде, а тоа е и ставот на министерството за правда“, истакна Митровски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top