skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Јакимовски од кривичниот суд: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“

Јакимовски од кривичниот суд: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме“
  • 19.03.2019

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевче Јакимовски заедно со негови двајца соработници од секторот за урбанизам и уште шестмина други управители на три фирми рано утрово беа приведени и изнесени пред судија на претходна постапка. Со високо подигнати два прсти што го симболизира знакот на победа, Јакимовски од Кривичниот суд Скопје 1 кратко порача дека не му се плаши никому без да прецизира на кого точно мисли тој. Обвинителството за гонење организиран криминал ги сомничи Јакимовски и соработниците дека го легализирале и продале земјиштето кое се наоѓа кај поранешниот ресторан „Имес“ во скопската населбата Карпош 3.

Спорната парцела поради која на Јакимовски и двајцата негови соработници им се заканува притвор се простира на безмалку 1600 метри квадратни и граничи со пешачката патека покрај реката Вардар, популарна како помеѓу професионалните спортисти така и меѓу рекреативците во Скопје.  Постарите се сеќаваат дека освен ресторанот Имес на ова место некогаш се наоѓале и бараки во кои имало магацини за земјоделска механизација, простор за продажба на автомобили но тука биле сместени и делови од ЈП Водовод и канализација.

Деветмината се осомничени дека сториле четири кривични дела, Злоупотреба на службената положба, Бесправно градење објекти, Поттикнување и Помагање.

Искра Опетческа

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top