skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Орце се жалел, а Заев пријавувал за можниот рекет на бизнисмени?
Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
СИРИЗА: Среќно враќање во реалноста за Нова демократија
Димитров: Европеизацијата на Северна Македонија ќе биде позитивно и за Грција
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Јакимовски во притвор – од специјалната каса на УБК нелегално потрошени 820.000 евра

Јакимовски во притвор – од специјалната каса на УБК нелегално потрошени 820.000 евра
  • 14.03.2019

Од судење, на распит, па во Шутка. Тони Јакимовски поранешниот шеф на кабинетот во УБК на Мијалков доби 30 дена притвор, кој му е определен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци или да ги уништи доказите против него. Притвор доби и Стево Маџовски, за него обвинителството се сомнева и дека може да го повтори кривичното дело. Кристина Јосифовска доби мерки за претпазливост, соопштија од судот. А на распит не беше Петре Пешовски. Осомничени се за злоупотреба на службената положба и овластување. Службениците на УБК за 10 години ја испазниле таканаречената „спец каса“ за 820.000 евра. Тие го сокриле трагот на парите.

„Во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале. На крајот од годината, документацијата за исплата – „Главните книги за евиденција“ ги уништувале, без посебно одобрение од Директорот на Управата и без записник, притоа не оставајќи примерок од прегледите, извештаите и главната книга за евиденција“, се наведува во соопштението на обвинителството.

Според нашите извори Јакимовски бил уапсен по завршувањето судењето „Таргет Тврдина“ случајот каде што е второ-обвинет за незаконското прислушување, од двајца припадници на полициската единица „Алфи“.

Покрај во „Таргет Тврдина“, на Јакимовски му се суди и во случајот „Трезор“ на СЈО, за незаконска набавка за опремата за прислушување во УБК.

Јакимовски беше директор на СЕЛЕК – организацијата којашто се бори против организираниот криминал во Југоисточна Европа. Го предложи техничкиот министер Митко Чавков. Од функцијата беше разрешен по предлог на МВР.

Игор Стефановски

Back To Top