skip to Main Content

Јавна расправа за реформи во безбедносниот систем: Премиерот помалку да се меша во разузнавачките служби

Јавна расправа за реформи во безбедносниот систем: Премиерот помалку да се меша во разузнавачките служби
  • 18.03.2019

Безбендосно – разузнавачките служби мора да се реформираат поради воспоставување сигурен систем за гарантирање на безбедноста на граѓаните и на државата и почитување на човековите права, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во образложението на двата предлог-закони за реформа на безбедносните служби на денешната јавна расправа по Предлог-законот за формирање на Агенција за национална безбедсност и Предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Македонија.

Но професорската фела не се согласува со Спасовски.

Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност побара да се повлечат двата предлог-закони и да се донесе еден закон за интегрална безбедност. Тој меѓу другото ја отвори дилемата зошто е потребно АНБ во одредени случаи да може да прислушува , кога таквата надлежност е во рацете на Оперативно-техничката агенција – ОТА.

Основна алатка за работа на безбедносните служби се тајните соработници, истакна професорот од Факултетот за безбедност Злате Димовски, кој побара во Предлог-законот за координација на безбедносните служби да се забрани податоците што ги доставуваат соработниците да бидат било кога злоупотребувани против нив.

За пратеничката од владеачкото мнозинство Фросина Ташевска Ременски клучни во реформите на безбедносно-разузнавачката заедница се контролата и надзорот над работата на Агенцијата за национална безбедност кои, како што кажа таа, во предлог-законот не се соодветно регулирани.

Ване Цветанов, претседател на Здружението „Зелена лупа“ побара 10 години наназад да се испитаат, како што рече тој, политички монтираните процеси и вмешаноста на инспектори од безбедносните служби, кои ги надминале нивните надлежности.

Искра Опетческа

Back To Top