skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Што се очекува од посетата на Путин во Србија – разговор во Студио 1

Што се очекува од посетата на Путин во Србија – разговор во Студио 1
  • 10.01.2019

Недела дена пред посетата на Путин во Белград, специјалните единици кои ќе го обезбедуваат се пристигнати во Србија. Кристина Атовска и Христијан Баневски во Студио 1 разговараа на оваа тема со новинарот Деан Андоновиќ.

На почетокот на разговорот, Андоновиќ рече дека гадрата на Путин неколкупати спречила атентат врз него.

– Околу 250 врвни професионалнци ги преземаат сите безбедносни мерки околу трасата каде ќе се движи Путин, но и соработуваат со српската полиција кои во изминатиот период беа подложени на испитувања. Меѓу тие 250 луѓе кои патуваат со Путин има и врвни експерти за хемиско и биолошко оружје, за храна, за сајбер криминал, а има податоци дека токму тие досега најмалку 5 пати спречиле обид за атентат на Путин, вели Андоновиќ.

Андоновиќ се осврна и на тоа што точно можеме да очекуваме од посетата на Путин.

-Најавени се најмалку 20 билатерални договори, главно од облста на енергетиката, тука треба веројатно да се потпише и фамозниот гасовод, како и воени, економски договори. Доаѓањето на Путин во овој период претставува голема чест за Србија,  Самиот факт дека првпат по 100 години еден српски државник добива еден од највисоките руски ордени „Александар Невски“ укажува како Русија се однесува кон Србија и каде е Србија на агнедата на Русија, анализира Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top