skip to Main Content

Што нѐ очекува по промената на името? – разговор во Студио 1

Што нѐ очекува по промената на името? – разговор во Студио 1
  • 14.01.2019

Што нѐ очекува по промената на името? На оваа тема уредникот Сашо Ордановски зборуваше со Ѓорги Филипов, поранешен амбасадор во повеќе земји и експерт за прашања кои се однесуваат на сопственичките односи околку имињата.

Филипов зборуваше за она што ќе се случува со компаниите кои носат ознака македонски.

-Мислам дека нема ништо страшно да се случува со нив. Имаме и други имиња на прозиводи или марки, македонско сирење, македонски ајвар кој е призната географска ознака во светската органјизација за интелектуална сопственост има разни други имиња и за нив ќе се дигкуситра посбено, додека не се договорат страните важи се како што било. Ништо нема со сила да биде променто, вели Филипов.

Филипов зборуваше и за погрешни информации кои кружат во врска со Договорот од Преспа.

-Фејсбук даде можности за лесно пласирање на грешни информации, на тоа наседнаа и портали и големи медиумски куќи, но од друга страна лесно се поништуваат тие информации, така што тажно е што партиите го користат ова за добивње поени, ставајќи го интересот на партијата пред интересот на државата, рече Филипов.

Back To Top