skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Шекеринска: Не сакаме да им го префрлиме нерешеното прашање на нашите деца

Шекеринска: Не сакаме да им го префрлиме нерешеното прашање на нашите деца
  • 23.09.2018

Владата се обврза дека ќе одработи покана за членство во НАТО, датум за почеток на преговори со ЕУ и дека граѓаните ќе можат да се изјаснат на референдум за својата иднина – сето тоа го обезбедивме, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на средбата со граѓаните во Карпош и додаде дека сепак не се сите заинтересирани за доброто на Македонија.

Таа ги повика сите да излезат и да гласаат за иднината и рече дека Договорот го потврдува македонскиот јазик и идентитет а доказ за тоа е аплаузот кој Премиерот го доби во Европскиот парламент бидејќи покажа дека може на својот македонски јазик да зборува европски.

– Три децении плаќавме висока цена за едно нерешено прашање. Не сакавме да го префрлиме на нашите деца да го решаваат. Ако ја пропуштиме оваа шанса, во договорот кој ќе се постигне за 20 години нема има Македонци и македонски јазик. Државнички и патриотски е да го зачуваме овој Договор во кој се погриживме македонскиот јазик и идентитет да бидат загарантирани – рече Шекеринска.

Таа зборуваше за придобивките од зачленувањето во ЕУ и НАТО, безбедноста, финансиската поддршка што секоја општина ќе ја почувствува, партнерството во Сојуз со 500 милиони луѓе од развиените  европски земји.

– Македонија има 2 милиони луѓе, но ако сме во сојуз со 500 милиони, појаки сме, рече Шекеринска.

Светот секојдневно ни дава поддршка но одлуката на референдумот за својата земја ќе ја донесат оние кои ќе излезат да гласаат.

– Затоа ни треба масовност, затоа секој глас е важен. Да не се разбудиме на 1 октомври со чувство дека не сме успеале. Како што го добивме кандидатскиот статус во 2005, јас гарантирам дека по успешниот референдум ќе станеме членка на НАТО, а НАТО членството е клучниот чекор кој го забрзува патот кон членството во ЕУ, изјави министерката.

Back To Top