skip to Main Content

(Видео) Шекеринска: Македонија почна да се извлекува од калта

(Видео) Шекеринска: Македонија почна да се извлекува од калта
  • 21.10.2018

Министерката за одбрана и вицепремиерка Радмила Шекеринска, на прес конференција изјави дека Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ и дека со гласањето во Собранието, не само што го отвори патот за евроатлантска иднина, туку и станува фактор на стабилност во регионот.

-Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок и за тоа што најпосле земјата се извлекува од калта, изјави Шекеринска.

Таа смета дека ќе имаме повеќе странски инвестиции, повисоки плати, нови работи места, зголемен извоз и подобар стандард.

-Историскиот глас на пратениците, во исто време беше глас против изолација но и против несигурност. За поздравување е таа одговорност да се стават сите работи настрана и да се даде глас за иднината, рече Шекеринска и порача дека сега е моментот да се остават на страна поделбите и да почнеме да збориме за суштинско помирување.

Шекеринска оцени дека гласот на пратениците бил историски, и очекува дека ќе имаат поголема поддршка за спроведување на Договорот од Преспа.

Во врска со ставот на Русија дека за неа остануваме Р. Македонија и тоа нема да го смени во иднина, Шекеринска порача дека сите што им сакаат добро на Македонија и на Балканот, ќе не поддржат во напорите.

-Видовме дека нашите отворени прашања со соседите не чинеа декади. Од пред 25 години, стратешките интереси ни се НАТО и ЕУ… Очекуваме поддршка од сите оние кои сакаат да видат побезбеден, постабилен и просперитетен Балкан, рече Шекеринска.

Back To Top