skip to Main Content

„Шарените“ ги повикуваат кандидатите на мегдан да одговорат на сите прашања – разговор во Студио 1

„Шарените“ ги повикуваат кандидатите на мегдан да одговорат на сите прашања – разговор во Студио 1
  • 25.04.2019

Името на шарената револуција е употребувано сѐ почесто од страна на претседателските кандидати, а неодамна и кандидатката од партијата против која се протетираше ги повика да ја поддржат. На оваа тема гости во Студио 1 со Кристина Атовска беа Ирена Стеријовска и Гоце Марковски активисти во „Шарената револуција“. На повикот од Силјановска, активистите возвратија со повик до кандидатите на мегдан да одговорат на сите прашања од сите граѓани. Досега, велат активистите, кандидатите имаат нејасни ставови во однос на некои важни прашања. За обидот на Силјановска да ја добие поддшката од неопределените, активистите сметаат дека прво мора јасно да го осуди претходниот режим. Утре, активистите од Шарената револуција ќе ја обелоденат иницијативата и ќе ги повикаат кандидатите јавно и јасно да одговараат на прашањата на сите граѓани.

-Незадоволството од едната опција, не мора да значи поддршка за друга опција. Она што е битно е да се каже е дека граѓаните заслужуваат особено тие што не се во оние редовни партиски структури дека им треба посуштинска дебата, за да се одлучат за кој кандидат да гласаат. Прво сакам да го поздравам ова бидејќи значи дека двата кандидати ја верифицираат „Шарената револуција“ како важен фактор и години подоцна тие принципи се уште живеат особено во перцепцијата на граѓаните кои не се во тие партиски гласачки машини, рече Стерјовска.

Марковски вели дека „Шарената револуција“ делумно ги исполнила своите цели, но аномалиите против кои се залагаше движењето се уште се присутни.

-Се забележува зајакнување на институциите во насока на борбата која сакаме да ја оствариме, но ниту од далеку не сме задоволни од нивото коешто моментално е во општеството. Ние кои во континуитет марширавме и повикувавме „Нема правда нема мир“, а доцни правдата којашто треба да биде испорачана особено во високата корупција. Тука сме будно ги следиме состојбите. Заради таквиот расплет на ситуацијата голем дел од нашите соборци ги зафати извесна апатија, но не смееме да се предадеме и немо да ја следиме ситуацијата бидејќи имаме одговорност во овие периоди да дадеме свој придонес во политичкиот контекст, истакна Марковски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top