skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Чедомир Јовановиќ за 1ТВ: Во Македонија преовлада разумот – Србија треба да го уништи национализмот

Чедомир Јовановиќ за 1ТВ: Во Македонија преовлада разумот – Србија треба да го уништи национализмот
  • 20.03.2019

Гостин во Отвореното Студио 1 беше Чедомир Јовановиќ, претседател на Либерално-демократската партија на Србија, кој зборуваше за пресудата на Караџиќ, состојбата во Србија, шансата која ја има Македонија со Преспанскиот договор, но и за Зоран Џингиќ и Слободан Милошевиќ.

Денес беше донесена пресуда со која му се одредува доживотна робија на Караџиќ за злосторствата во Сребреница, колку е тоа сатисфакција за жртвите од војните во екс Југославија?

„Јас не ја сакав таа војна и не верувам дека некој нормален беше спремен на тоа зло кое на сите нас ни го уништи животот. Секој пат без никаков компромис зборувам за она што е лошо и на таков начин ги штитам нашите деца од она на кое бевме изложени. Казната на Караџиќ е конечна, но не може да се занемари одлуката на Хаг дека Србија не извршила геноцид, но не ги спречи ни оние кои се за тоа одговорни и не ги санкционираше. Мене ми е жал за мојот народ, јас го сакам, исто така ги сакам Македонците и Албанците, ги сакам општо луѓето. Затоа кога збориме за зло, не можеме да го делиме на српско и друго. Но, Србија молчи за таа пресуда, молчи и Вучиќ и преостанатиот дел од српската опозиција, која се разликува од власта само со тоа што не е на власт. Затоа јас не можам да молчам. Јас го познававам Караџиќ, се сеќавам на неговиот говор во Сараево. Не мислам дека е тој единствен виновник, туку во одредена мерка е жртва на одредена политика. Во војната општественото ѓубре доаѓа на врвот, а тоа што е вредно завршува на дно“, рече Јовановиќ.

Зошто српскиот мејнстрим не може да се соочи со тоа што се случи неодамна?

„Затоа што е незрела и нема способност да води политика. Тоа е слабоста на српската политика. Исто како што Милошевиќ не можеше да донесе неколку важни одлуки, со кои што би ги поштедил сите републики. Исто така, денес ние немаме способност да одиме во пресрет со настаните. Милошевиќ да го стопираше Караџиќ или Младиќ и воените злочини, немаше да биде како што е денес, да преговаравме со Албанците и дека тоа е народ кој бара еманципација, односно да го направевме тоа што го правевте вие во Македонија, ќе беше поинаку. Денес не можеме да преговараме за тоа колку Косово ќе биде српско, туку дали ќе се договориме за мирот, бидејќи тоа го немаме“, кажа Јовановиќ.

Кризата во Србија е актуелна тема. Што се случува, кој е генераторот на оваа криза?

„Постојат неколку фактори кои влијаат на протестите. Целосно се изолирани, беа поголема поддршка, особено по последниот настан во Белград, кој не беше ни малку наивен. Вучиќ бараше да се ослободат средношколците. Луѓето во Србија се незадоволни, но коренот е поразличен од работите кои партиите ги ставаат во фокусот. Го напаѓаат Вучиќ дека ја води Србија во НАТО пактот, го обвинуаат за преговори со  ЕУ, преговори со косовските Албанци… Вучиќ треба да им дигне споменик на луѓето кои му го подигнаа рејтингот“, рече Јовановиќ, кој беше дециден дека не ги поддржува протестите, но и дека е критичар на српскиот претседател.

„Вучиќ по овие протести има 60 отсто поддршка од граѓаните кои се спремни да гласаат за него. Јас не зборам во негов прилог, туку за факти. Нивната критика е поинаква од мојата. Кога тој ги коментираше резултатите од вашиот референдум, јас реков подобро да молчи кога не може да помогне. Тој го прави тоа што е потребно за Србите да застанат зад него. Тој е вешт политичар. Кога ќе им каже на луѓето ова што се случува е македонско сценарио, во тој момент за некој просечен Србин тоа не е напад на Вучиќ, туку на Србија“.

Какво е влијанието на Русија на Балканот?

„Имате можност од Македонија да направите држава како што треба да биде. Бевте блокирани 27 години, вие добивте прилика. Ципрас ги отповика руските амбасадори, бидејќи сакаа со откуп да го срушат Преспанскиот договор. Лавров бараше од Советот за безбедност да ја поништи одлуката. Нема демократизација додека не го уништиме национализмот.

Јас не сакам да водам некоја ваша политика. Мислам дека е сурово да се руши договорот, бидејќи знаеме која е цената за тоа. Тоа не е лесно. Не е лесно ни за Грција. Во Македонија, покрај се, преовладуваше разумот за политика која го зближува народот“, рече Јовановиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top