skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Чавков ја доби највисоката казна од 18 години затвор, Дурловски ослободен – пресуда за „крвавиот четврток“

Чавков ја доби највисоката казна од 18 години затвор, Дурловски ослободен – пресуда за „крвавиот четврток“
  • 15.03.2019

Највисоката затворска казна од 18 години ја доби поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков. Полициските службеници пасивно постапувале за собраниските инциденти, образложи судијката Добрила Кацарска во изрекувањето на пресудата. Златната команда, односно Чавков на 27 април единствената команда ја дал во 20.30 часот. Полициските припадници Митко Пешков, Душко Лазаров добија 15 години затвор. Толку време зад решетки според првостепената пресуда треба да биде и разузнавачот Мунир Пепиќ. По 15 години затвор добија и собраниското обезбедување Горан Ѓошевски, Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски Кољо. Една година помалку, односно 14 години затвор кривичен му одреди на Вилијам Михајловски. 13 години затвор за полицискиот припадник Оливер Поповски. По 12 години казна добија Игор Југ и Горанче Ангеловски. Дека една деценија ќе биде зад решетки слушна полицискиот припадник Оливер Радулов. Под минималната затворска казна, добија Александар Василевски нинџа од 8 години, кој за време на судењето ја откри организацијата за 27 април и собранискиот обезбедувач Абдуљфета Аљими од 7 години затвор, кој помогнал во извлекувањето на пратеникот Зијадин Села.

Кацарска рече дека од снимките презентирани во судот јасно се гледа упадот во собранието. Од сведоштвото на заштитниот сведок е произлезено дека инцидентите биле претходно добро организирани и платени, а главни таргети биле Зоран Заев, Зијадин Села и Дамјан Манчевски.

Со фрлањето на предметите низ законодавниот дом тепањето на пратениците, новинарите, судот цени дека е предизвикано чувство на несигурност и страв кај граѓаните.

Кацарска во пресудата негодуваше – на почетокот од судењето на обвинителна клупа дека имаше 33 обвинети за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, од кои двајца помагачи, а по изгасувањето на законот за амнестија, 15 од обвинети станаа слободни луѓе, иако од снимките се виде дека пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отворија собраниските порти.

Затворските казни кои ги слушнаа обвинетите за „крвавиот четврток“ нема да стартуваат веднаш, бидејќи осудени се со првостепена одлука имаат право на жалба до апелацискиот суд, а до произнесувањето на Апелација, пресудата не е правосилна. Спеак, издржувањето на затворските казни ќе се важат од денот на притворите коишто им беа определени на обвинетите. Судењето за крвавиот упад во Собранието почна лани на 22 август и траеше точно шест месеци.

Игор Стефановски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top