skip to Main Content

Црн чад од печката во „Дрисла“, поради дефект во филтерот не се согорува медицинскиот отпад

Црн чад од печката во „Дрисла“, поради дефект во филтерот не се согорува медицинскиот отпад
  • 23.01.2019

Црн чад излага од печката за согорување на медицински отпад во депонијата „Дрисла“. Ова видео се појави на социјалните мрежи, а од „Дрисла“ тврдат дека од тогаш, од саботата печката не е вклучена. Причината е дефект во филтерот кој беше инсталиран лани во април. Сепак, не се знае колку време работела печката додека го испуштала црниот чад. Неофицијално, во медицинскиот отпад имало и плинска боца, а при согорувањето боцата експлодирала. Во „Дрисла“ контрола направиле државните инспектори за животна средина. Депонијата има рок од 15 дена да го поправи дефектот на филтерот.

Овој медицински отпад зад мене чека да се согори во печката којашто е намената токму за горење, односно палење на медицинскиот отпад тука во „Дрисла“. Ова е печката која е стара десетина години и е донација од Британската Влада, а во овие моменти филтерот не работи и затоа тука не се палат медицинските отпади овие денови, односно од саботата, печката не функционира.

Долго најавуваната печка, која треба да биде најсовремена за согорување на медицински отпад ја нема. Требаше да биде сместена во оваа сè уште недоградена просторија. Филтерот во дефект беше инсталиран привремено, додека не стартува со функција новата печка. Од година в година, податоците на „Дрисла“ покажуваат зголемен број на согорен медицински отпат. Ако во 2000 година изгореле 115 тони, „Дрисла“ во 2017 согореле 891 тон медицински отпад. Што е повеќе за осум пати.

Покрај прашањето дали согорувањето на медицинскиот отпад е дел од причините за загадениот воздух, бидејќи долго време немаше филтер, депонијата „Дрисла“ ја следеа контроверзии со италијанската компанија „ФЛЦ Амбиенте“ која беше избрана да го менаџира скопскиот отпад. Додека Коце Трајановски беше градоначалник на Скопје италијанската фирма двапати го добиваше тендерот. А тужбите на германската фирма „Шолц“ паднаа пред судовите. Поради судските постапки „Дрисла“ не доби поместувања, од италијанската фирма „Амбиенте“.

Игор Стефановски

Back To Top