skip to Main Content

Целодневно рочиште за упадот во Собранието, наредното на 6. септември (ВИДЕО)

Целодневно рочиште за упадот во Собранието, наредното на 6. септември (ВИДЕО)
  • 31.08.2018

Одложена главната расправа во Кривичниот суд за собранискиот упад од лани на 27 април, откако се сослушаа предвидените четворица сведоци. Беа обврзани во судот да бидат присутни речиси 12 часа, бидејќи толку време траше денешното рочиште. Имаше само три паузи. Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, пратениците од коалицијата на СДСМ, Илија Николовски, Фросина Ременски и Павле Богоевски од свој агол го опишаа собранискиот упад.

Богоевски се чувствувал загрозено, откако ја чул намерата на толпата – да го убијат. Намера за ликвидација од насобраната толпа, според неговото сведоштво, имало кон Зоран Заев, Талат Џафери, Зијадин Села и Радимла Шекеринска.

Пратеничката Фросина Ременски во судницата свесно лажела дека била бремена, откако добила силни удари по нозете и по стомакот. Удари, рече, добивала и од повозрасен господин, кого не го забележа на обвинителна купа. Изјава за медиумите не даде, но во судот рече:

„Ни се закануваа – ќе ве убиеме, ќе ве нема, а еден повозрасен напаѓач цело време ме клоцаше и удираше по стомак. Во еден момент со клоца толку силно ме удри по стомак, по што почнав да се превиткувам. Еден друг напаѓач ме праша – што е, да не си трудна, му реков да. Свесно излажав за да спречам идни напади во галеријата“, рече Ременски во сведочењето.

Пратеникот Илија Николовски, кој е генерал во пензија, во сведочењето изрази сомнеж на безбедносниот систем, не верувал оти лесно ќе се влезе во Собранието, освен ако се има внатрешни соработници. Тој именуваше повеќемина коишто ги препознал, меѓу кои војници и државни службеници во Министерството за одбрана и раскажа дел од нивните разговори.

Министерот за администрација Дамјан Манчевски од свој агол преку сведоштво во Кривичниот суд ги опиша собраниските инциденти од 27 април минатата година.Преку телевизија гледал како насобраните граѓани влегуваат во законодавниот дом.Раскажа дека толпата со тупаници удирале по секого, а тој бил повреден со бокс и му го скршиле носот.

Прашан од обвинителката Вилма Рускоска, Манчевски одговори дека во Собранието кај еден од насобраните, видел дека има оружје во задниот дел од панталоните под маичката. Подоцна прашања на Манчевски му поставуваше еден од 33 обвинети, Игор Југ. Генерално, му беа одбивани, бидејќи ги поставуваше директно, а не вкрстено како и што предвидува постапката. Југ го праша какво оружје носел, а Манчевски одговори дека не е експерт за оружје.

„Дали може тоа оружје да е пендрек, хебла, шрафцигер, нож? Како, ако толку сте биле удирани, со бокс ви бил скршен носот, цело време сте добивале закани за вашите деца, сте можеле толку јасно да видите дека јас сум фокусиран на Зоран Заев. Како, ако други луѓе можеле да се доближат до него и да го удираат, јас не сум можел да го ликвидирам?“, обвинетиот Игор Југ го праша Манчевски.

Судот го одби ова прашање, откако реагираше обвинителката Рускоска, дека е директно прашање.

Претходно Манчевски кажа дека кога толпата сметала дека пратеникот Зијадин Села е мртов,  тие се фокусирале кон тогашните пратеници од редовите на СДСМ, за како што рече Манчевски, да речат, „Заев е следен“. Министерот во судинацата го сподели чувството на згрозеност кога, насобраната топла преку детали му се заканиле и по животот на неговите деца.

Манчевски е еден од четворицата сведоци, што треба да се појават  пред судот и да одговараат на прашањата на обвинителката Вилма Рускоска,одбраната и на судечкиот совет предоведен од Добрила Кацарска.

До доцните вечерни часови се испрашуваа сведоците, бидејќи на речиси секое прашање, одбраната и обвинителката Вилма Рускоска имаа приговори.

Манчевски, Илиевски, Ременски и Богоевски, беа првите сведоци за собранискиот упад.

Судскиот процес познат во јавноста како 27 април, продолжува на 6. септември, тогаш ќе се испрашуваат пратеникот од редовите на СДСМ Мухамед Зеќири и скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Игор Стефановски

Back To Top