skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Царинските службеници кои беа во посета на груевски се распределени на нови работни места

Царинските службеници кои беа во посета на груевски се распределени на нови работни места
  • 10.01.2019

Александар Трајковски и уште еден царински службеник на кој се’ уште не му се открива идентитетот кои во декември 2018 година беа во посета на поранешниот премиер Никола Груевски кој со азил во рацете престојува во главниот град на Унгарија, Будимпешта повеќе не работат на старите работни места. Ваквата информација на 1ТВ денеска ја потврди директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Што се однесува до вториот царински службеник, за него, како што кажа Танасоски се’ уште трае предистражната постапка покрената од страна на ОЈО за организиран криминал под сомнение дека извршил кривично дело поврзано со неговата служба. Претходно овој царински службеник работеше во сектрот за контрола и истраги во Царинската управа на Македонија.

Првиот човек на Царината уште објави дека веќе добиле одговори од истрагата за оправданоста или неоправданоста на отсуството на двајцата царински службеници по што, како што најави почнува истрага на внатрешната контрола во Царината.

Александар Трајковски на 11 декември 2018 година се појави на социјалните мрежи на фотографија со Груевски. Тој е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Насилства и шамари во Центар“. По враќањето од таму,Трајковски во разговор со новинарите кажа дека бил во Будимпешта за да си ги лекува синусите, бидејќи во Македонија не можеле да му постават дијагноза.

Вториот царински службеник беше во посета на Груевски во време додека користел годишен одмор и слободни денови. Кога беше откриено дека е царински службеник, директорот Танасоски изјави дека не може никому да забрани каде и со кого ќе го поминува слободното време се’ додека евентуално не се докаже дека ја злоупотребил службената положба и овластувања.

Искра Опетческа

 

 

 

Back To Top