skip to Main Content

Храмот на богот на ветрот пронајден под урбаната џунгла на Мексико Сити (Видео)

Храмот на богот на ветрот пронајден под урбаната џунгла на Мексико Сити (Видео)
  • 21.06.2018

Археолози и членови на Националниот Институт на Археологија и Историја (INAH) го инаугурираа т.н. „археолошки прозорец“ кој им овозможува на посетителите да го видат храмот на Ехекатл (колумбискиот бог на ветрот) храмот во подрумот на шопинг центар во Мексико Сити.

Под асфалтната џунгла на главниот град се наоѓаат остатоците од древниот ацтечки храм. Градежните компании ги откриле урнатините при изградбата на нов трговски центар.

Храмот бил изграден кон почетокот на 14-тиот век и му бил посветен на Мексиканскиот бог на ветрот.

-Луѓето можат да дојдат и да видат дека иако има современа зграда, под него лежи цела цивилизација, вели Едуардо Матос од мексиканскиот Институт за антропологија и историја.

На наоѓалиштето се пронајдени остатоците од 32 лица за кои археолозите тврдат дека биле жртвувани за богот да им даде дожд на верниците.

Back To Top