skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Холивудска насмевка и терминологија во стоматологијата и оралната хирургија (ВИДЕО)

Холивудска насмевка и терминологија во стоматологијата и оралната хирургија (ВИДЕО)
  • 05.07.2018

Ракувањето и прегратката се разликуваат од култура до култура, но насмевката е универзален знак за среќа. Поважно од тоа што ќе облечат жените, какви потпетици носат или пак како мирисаат, тоа е насмевката. Една статистика вели дека жените повеќе се смеат од мажите. Жените во просек се смеат 62 пати во текот на денот, а мажите само 8 пати. Токму за таа насмевка важни се забите. Специјалист Д-р Атанас Павлевски од „Санте Плус“ вели за да се има добра насмевка, треба да бидат запазени повеќе параметри.

„Во денешно време веќе имаме некој си стандарди и принципи какви насмевки има помеѓу луѓето , имаме ниска насмевка, кога ќе се насмееме природно и спонтано ги покажуваме забите со една третина, или до половина на забите и таква е популацијата околу нас со 20% на таква насмевка. Има и пациенти кои се смеат повисоко што ги покажуваат забите во целост на горната вилица таа популација ја има од прилика околу 70% и имаме „гами смајл“ кај што го експонираме немцето повеќе од 3 милиметри и може да биде повеќе и такви се околу 10% од популацијата, и претежно се статистички жени, за жал“, изјави спец. Д-р Атанас Павлевски.

Уште во 15 –от век Леонардо Да Винчи се занимавал со естетиката на лицето, имал свои параметри како треба да изгледа неговиот стил на естетика. Па исто така и во стоматологијата, и стоматолозите се движат по некои параметри кои се усовршуваат со текот на времето.

„Не доцниме позади техниките кои ги има во светот, ги владееме, ги работиме во тек сме со сите случувања и новитети во однос на естетиката и хирургијата. Ги пратиме најновите трендови побарувањата на пациентите. Ако ја гледаме историјата што се случувало во минатото да видиме што да се понуди на пациентот и што е адекватно за него“, вели Д-р Павлевски, орален хирург во „Санте Плус“.


Освен пациентите кои имаат сериозни орални проблеми, не изостануваат и пациентите со желбата за холивудска насмевка. Токму поради познатите светски ѕвезди и нивната убава насмевка, во стоматологијата постои и таква терминологија.

„Веќе знаеме и дека холивудските ѕвезди на црвениот тепих кога ќе излезат сите имаат убава насмевка. А веќе имаме и терминологија за нивните насмевки, комплексна насмевка  како онаа на Мерлин Монро која е икона во историјата на естетиката“, вели Д-р Павлевски.

Убавата насмевка и заби има и психолошки момент, ја подигнува самодовербата и самопочитта. А кога имате убави заби посакувате да се смеете се почесто и посакувате вашата сјајна и убава насмевка да ја види целиот свет.

Back To Top