skip to Main Content

Хан и Могерини : Оптимизам, но не и гаранции за датум за преговори во јуни

Хан и Могерини : Оптимизам, но не и гаранции за датум за преговори во јуни
  • 19.03.2019

Европската Комисија со пофалби но не и со гаранција дека во јуни ќе има зелено светло за отпочување на преговорите со ЕУ. И Могерини и Хан денеска задоволни од динамиката на реформскиот процес, но јасни – последниот збор ќе биде по извештајот во мај. Очекуваат државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите, опозицијата да биде активно вклучена во процесите и да се спроведат фер, демократски и слободни претседателски избори.

 – Промената не е само да се донесат ЕУ- законите, туку и да се спроведат . Јас сум убедена дека Северна Македонија ќе остане посветена на својата работа во следнте недели, месеци, години , а ние ќе ја дадеме целата своја поддршка за имплементирање на реформската агенда. Ова значи и сите политчки партии во земјата да работат заеднички и конструктивно на реформската агенда. Очекуваме опозицијата да се однесува конструктивно, ние веруваме дека ќе демонстрираат чувство на одговорност и капацитет за надминување на разликите, кажа Могерини

Фокусот мора да биде на правосудството, организираниот криминал, јавната администрација. Промената на легислативата и донесувањето на законите е позитивна работа, но се бара промена на менталитетот. Од особено значење било граѓаните да стекнат доверба во институциите, со акцент на квалитетно и независно судството.

 – Наша заедничка цел е да добиеме зелено светло во јуни, за отпочнување на преговорите. А за да го добиете ова мора да ги повикам сите во земјата. Денеска многу слушнавме за прогресот, но морам да ве охрабрам да продолжите , а не да ги забавите сите тие напори. Промените во легислативата се позитивни и неопходни, но сакаме да видиме и трајна промена на менталитетот и однесувањето. Тоа е нешто што е многу поважно во поглед на успешен процес за зачленување во ЕУ, кажа Хан

Премиерот пак сигурен дека токму реформскиот процес бил силен аргумент за во јуни да се добие датум за старт на преговори

За тоа дали Франција можеби ќе биде пречка за датум , Могерини порача дека одлуката не ја носи една земја или друга, туку сите заеднички, а ќе се заснова на извештајот на ЕК.

На прашањето дали Специјалната јавна обвинителка Јанева треба да биде сменета, Могерини не коментираше додека пак комесарот Хан кажа дека и покрај тоа што не сакал да зборува за прашања кои мора да се решат внатре во државата, добро било да се забележи дека законот за СЈО е сега во Собранието и бил сигурен дека ќе има соодветно законско решение.

Лепа Џундева

Back To Top