skip to Main Content

Хавајскиот вулкан Килауеа почна да ослободува метан (Видео)

Хавајскиот вулкан Килауеа почна да ослободува метан (Видео)
  • 24.05.2018

Од вулканот Килауеа на Хаваите почна да излегува син пламен, што, според научниците, е резулатат на ослободување на метан од кратерот, од кој и натаму излегува лава.

Научници од Американскиот геолошки институт наведуваат дека метанот може да предизвика експлозија, доколку се запали додека се уште се наоѓа под земјата.

Тие додаваат дека сините пламени јазици од метанот може да достигнат висина и до неколку метри.

Вулканот Килауеа еруприраше пред десетина дена.

Back To Top