skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Фудбалски камп на Јувентус во Скопје – разговор во Студио 1

Фудбалски камп на Јувентус во Скопје – разговор во Студио 1
  • 19.04.2019

Во првото денешно Студио 1, новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски ги најавуваат содржините што ќе можете да ги следите денес, а почнуваме со хуманост и спорт.

Екипата на 1ТВ во тетовско Теарце спроведе хуманитарна акција заедно со „Тинекс“ и му помогна на семејството на Драгче Ангеловски, кој веќе 15 години живее во куќа без врата и прозорци.

Спортскиот новинар Слаѓан Ивковиќ разговараше со организаторот на фудбалскиот камп Јувентус Дино Дамјановски. Втора година по ред, кампот почнува во понеделник во Скопје, на радост на фановите на Јувентус.

-Ќе дојдат четворица тренери од Италија кои ќе ги пренесат методологијата и начинот на работа на Јувентус, како што се работи во целиот свет, така и кај нас во државава. Има преку 40 академии во цел свет каде што Јувентус организира свои кампови и академии, со високи стандарди и услови што се побарани од нас како организација да ги исполниме, вели Дамјановски.

Според него, ваквите кампови се битни за Македонија, затоа што и покрај искуството што веќе постои во земјава, има многу што да се научи и на прво место не е натпреварувачкиот дух, туку децата треба на друг начин да го засакаат спортот, како забава и дружење.

Back To Top