(ФОТО) Работен состанок на Јанева, Дувњак и Јовановски – сите одговори за актуелните случувања поврзани со СЈО ексклузивно на 1ТВ

Во рамките на новата сезона на емисијата „Правда и неправда“, одговори за сите актуелни случаи на Специјалното јавно обвинителство, диркетно од првата жена на ова тело, Катица Јанева.
На работниот состанок во кабинетот на специјалната обвинителка, со авторката на емисијата, Гордана Дувњак и сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, се договара форматот на кој Јанева ќе ги даде одговорите кои ги очекува целата македонска јавност, како за минатите така и за актуелните случаи.
Ќе добијат ли судски разврски предметите на СЈО кои треба да го откријат начинот на функционирање на „Фамилијата“ која ја претвори Македонија во „заробена држава“? Ќе се проширува ли истрагата за случајот „Империја“?
Одговорите од Катица Јанева во „Правда и неправда“ – вторник во 21 часот.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.