skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Фокусот кај младите низ призмата на емоционалната интелигенција – разговор во Студио 1

Фокусот кај младите низ призмата на емоционалната интелигенција – разговор во Студио 1
  • 04.03.2019

Емоционалната интелигенција значи развој на вештини со кои ќе ги препознаеме сопствените, но и туѓите емоции и градење квалитетни врски со другите благодарение на тоа препознавање. На оваа тема новинарот Влатко Чаловски разговараше во отвореното Студио 1 со Нела Јолеска, директорка на EQ Excellence и со Орце Данчевски, интернационален мајстор во шах и фиде тренер.

-Емоционалната интелигенција ја имаме од моментот на раѓање до крајот на животот. Ја развиваме цел живот. За разлика од когнитивната интелигенција, менталната интелигенција, која во МЕНСА интернационално се мери преку тестови и најчесто се развива до 18 или дури до 21-годишна возраст, за разлика од тоа, емоционалната интелигенција се развива цел живот, вели Јолеска.

Како што објаснува, во работилниците со деца и родители, тие преку методологии и техники се охрабруваат да ги развиваат емоционалната интелигенција, самодовербата и талентите.

-Во целиот свет се водат разни студии за придобивките од изучувањето на шахот, ние можеме да го забележиме тоа кај нас во Македонија, во приватното основно училиште „Јахја Кемал“. Зошто шахот? Општо е познато дека талентираните шахисти поседуваат високо IQ. Но тоа не го одредува првакот, не го одредува успехот во шахот. Потребна е голема емоционална интелигенција за да се достигнат европските и светските височини, објаснува Данчевски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top